Утрото на еден Македонец

На секој човек во светот различно му започнува секое утро. Сепак, за секој народ постојат неколку работи кои посочуваат дека нивните утра се сосема различни од утрата на други народи. 
Така на пример, Македонецот е доста интересен кога е во прашање утрото, станувањето за на работа, училиште, утринска прошетка и сите ритуали кои следуваат со тоа. 
Познато е дека ракијата е здрава за организмот, доколку се конзумира во дозволени количини, па за Македонецот е убаво кога со своето македонско кафе ќе испие и една чашка ракија за добро утро. За време на утрото по куќата се случува вистински хаос, децата вриштат и бараат работи од мајките, во меѓувреме се облекуваат за на училиште, правејќи ја собата вистински неред, додека да најдат што да облечат. 
Мажот и жената ќе се испокараат уште рано наутро за тоа кој да ги носи децата во училиште, кој ќе плати сметки, кој ќе испазари, како ќе го организираат денот и дали вечерта ќе одат на гости. Сето тоа се случува во рок од еден час, а потоа штом излезат од дома секој оди по своја страна и ја оставаат куќата во тишина, се до моментот кога ќе се вратат. 
А додека излегуваат од дома, не дај Боже да сретнат некој комшија кој опуштено си го пие своето утринско кафе и едвај чекал да стане за да види што ќе се случува утрото во неговото маало, бидејќи тој се смета за еден од сеирџиите во маалото и комшија кој сака да знае се за сите.
Нормално, не мора да значи дека секој Македонец и секое македонско семејство има вакво утро, но повеќето утра се доста слични и доста интересни. Како и да е, викаат „денот по утрата се познава“, па доколку навистина имате динамично утро со своето семејство, тогаш и самиот ден ви е навистина динамичен и полн со возбудливи ситуации. 
Дали е ваков и вашиот почеток на денот?
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.На секој човек во светот различно му започнува секое утро. Сепак, за секој народ постојат неколку работи кои посочуваа

Пронајдете не на следниве мрежи: