Градоначалникот Тони Трајковски беше во работна посета во н.м Стајковци каде изврши увид во градежните работи на улицата „Видое Смилевски“, каде се врши асфалтирање во должина од 1км и широчина од 6м, и на улицата „Никола Карев“ каде се врши поставување на атмосферска канализација, каде по завршувањето ќе следи асфалтирање на улицата.Паралелно со овие градежни активности се работи и на асфалтирање на вториот дел од улицата „Антон Велков“ во должина од 400м.
На посета тој изјави дека активно се асфалтира и во н.м Сингелиќ , улицата „16“ во должина од 2,5км, а во завршна фаза е и поставување на првиот слој на асфалт на улицата „10“ во должина од 1км. Паралелно се прави и подготовка на вториот дел од улицата во должина од 400м.
Интензивно се работи на подобрување на патната инфраструктура , особено на оние места кои беа погодени во поплавата, но и во останатите населени места , каде што се започна со асфалтирање истите ќе се завршат до крајот на градежната сезона.Паралелно со овие градежни активности се работи и на асфалтирање на вториот дел од улицата „Антон Велков“ во должина од 400м.
Н