Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, заедно со раководството на Унијата на жени од општинските комитети Гази Баба и Центар направи новогодишна посета на Дневниот центар за згрижување на лица со церебрална парализа.Традиционално секоја година Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на новогодишните празници организира низа на активности со кои сакаме да дадеме свој придонес за што повеќе детски насмевки.
-Денес сме тука, во посета на денвниот центар за лица со церебрална парализа каде што од страна на жените од Центар се донираше лаптоп компјутер а од страна на жените од Гази Баба беа донирани ногодишни пакетчиња и подароци за штитениците од овој центар. За мене овие посети и активности значат многу, особено се радувам кога кај најмалите, иднината наша, ќе видам среќни дечиња во пресрет на новогодишните празници, изјави Даниела Рангелова.
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и за наредниот период во пресрет на божиќните празници ќе организира голем број на активности и посети бидејќи Унијата на жени е општествено одговорна женска политичка организација на која еден од основните столбови и е среќно општество.Традиционално секоја година Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на новогодишните празници организира низа на активности со кои сакам