Една Австралијанка од Аделаида се соочила со вистински ужас откако зад ладилникот пронашла змија отровница заедно со јајца!Таа ги алармирала надлежните и на лице место пристигнал професионалец ловец на змии. Тој без проблеми ја совладал отровницата додека сопственичката се криела подалеку зад шанкот.
„Ова е идеално место за змијата да положи јајца. Веќе 40 години ловам змии и ова ми е прв ваков случај“, рекол Барел, кој јајцата и змијата ги префрлил на сигурно.
Барел истакнува дека е одлично што змијата била воочена на време, бидејќи за неколку месеци би биле проблеми кога би излеле змиите.
„Змијата можела да ги положи јајцата и да замине. На време ја виделе. Идната мајка не беше агресивна. Змиите не ги напаѓат луѓето освен доколку не се почувствуваат загрозени“, додал тој.
Таа ги алармирала надлежните и на лице место пристигнал професионалец ловец на змии. Тој без проблеми ја совладал отровницата додека со



