Селаните од босанското село Тодорово во близина на Велика Кладуша, живеат во постојан страв од опседната куќа, од која навечер слушаат застрашувачки звуци,крикови и ужасни пискотници. Во близина на куќата често се расипуваат техничките уреди, телефоните и слично и тамошните жители ја заобиколуваат кога поминуваат покрај неа. Сите врати и прозорци се заковани со штици. Селаните се плашат бидејќи се уверени дека куќата е проколната поради нејзиното мрачно минато.
Тодорово се наоѓа на северозападниот дел во БИХ на патот кон Велика Кладуша и некогаш бил најголемиот град во регионот. Денес на славните времиња потсетуваат само остатоците од урнатините од стариот град,а местото е познато по куќата на злите духови,која се наоѓа на раскрсницата во селото. Според кажувања на староседелците на Тодорово, некогаш на местото каде што е куќата имало гробишта. Кон крајот на 19-ти век муслимаските имами планирале на ова место планирале да изградат голема куќа која требало да биде училиште. Но откако оџите ги рашириле шаторите и поминале неколку ноќи на местото наеднаш во тишината на ноќта видно вознемирени заминале од Тодорово и никогаш повеќе не се вратиле. Барем така кажува легендата. Како што се сеќава 81 годишниот Кадир Ибричиќ првата куќа на проколнати темели е изградена во почетокот на минатиот век. Била урната во првата светска војна а кон крајот на Втората светска војна била изгорена до темел.
Во текот на Втората светска војна имотот го купил Хусеин Башиќ и на истото место изградил нова куќа. Ни таа немаше долг век и изгоре до темел кога Германците се повлекуваа. Причините ги знаеја само тие. Едноставно ја запалија- раскажува Кадир. Братот на Хусеин,Хасан решил тука да изгради нова куќа. Семејството го убедувало да не го прави тоа бидејќи местото е проколнато. Хасан не ги послушал.
Откако е повторно изградена и наместен, во текот на војната во БиХ војската го зазема тоа подрачје, го однесоа мебелот и ги искршија стаклата. Долго време никој се немаше вселено ни преноќено поради приказните за проклетството на местото. Поради оваа куќа верувам дека постојат духови- раскажува Кадир.Денес во Тодорово семејството Башиќ живее на други локации, но има староседелци кои паметат дека луѓе живееле во таа куќа.Последната куќа која која стои и денес е изградена пред 25 години. Сулејман Башиќ и ден денес се сеќава како го убедувал својот братучед да не ја гради куќата на истото место. За духови, вели тој не се сигурен, но убеден е дека местото е на некој начин проколнато.
Оваа куќа е на мојот братучед Хасан кој почина веднаш откако ја изгради. Хусеин и неговите родители на ова место граделе куќи, но тие секогаш се уриваа поради некоја причина. Нешто чудно се случува со нив. Ова е четврта куќа подигната на старите темели и повторно нешто не е во ред со неа- вели Сулејман.
Во текот на војната во БиХ, во Тодорово беше граничната линија на Петиот корпус на армијата на БиХ и на паравоените сили на Фикрет Абдиќ. се вели дека куќата била користена како затвор и дека во неа биле убиени многу луѓе и нивните души неможат да најдат мир. Многу жители на Тодорово раскажуваат дека од неа слушаат звуци, тропање, пискотници, плачење.
На оние што не веруваат и препорачувам да преноќат барем една вечер во куќата и самите да се уверат- порачува Сулејман.