Узбуна на Балканот: Вооружен убиец од Канада избегал од законот во Хрватска или Македонија!

Канадскиот плејбој со мадеконско потекло Борис Пановски убил свој познаник и ривал и, како што се сомнева полицијата, побегнал од земјата, веројатно во Хрватска или Македонија.Канадската полиција веќе некое време го бара Борис Пановски (70), фризер и одгледувач на ловечки кучиња од Торонто, поради убиството на неговиот познаник Донато Фриго(70) исто така одгледувач на кучиња, ни и директор во една градежна фирма.
Крвавата пресметка помеѓу нив двајца се случила минатата сабота кај градот Кинтон, каде се одржувал натпревар на ловечки кучиња. Организаторот бил токму Фриго со сопругата Ева Вилер, а Пановски се појавил непоканет. Ги пресретнал сопружниците додека јавале, започнал кавга и пукал во нив. Тешко ранетиот Фриго падал од коњот и набрзо им подлегнал на повредите, а неговата сопруга успеала да одјава во шумата и преживеала. Сведоците велат дека по нив тргнал и коњот на Фриго.
Кога пристигнала полицијата, го пронашла само телото на фриго, а од убиецот немало ни трага.
Полицијата дури во петокот на 19 септември повикала конференција за пачатот и го објавила идентитетот на осомничениот.
Еден од соседите вели дека Пановски го видел минатата недела, ден по убиството, како во шорцеви и заминува од куќата.
„Изгледаше малку нервозно, но Борис е инаку таков“, вели соседот.
Не е познато каде заминал, но канадските медиуми јавуваат дека полицијата верува дека ја напуштил државата и заминал во родната Македонија или Хрватска. Причината за можното заминување во Хрватска не е наведена.

„Се работи за вооружана и опасна личност“, рекол детективот Трукс.
Борис Пановски уживал во имиџот на плејбој, а пријателите и соседите го сакаат и се шокирани од веста дека убил некого. Тој поседувал свој фризерски салон и исто времено се занимавал со продажба и тренирање на кучиња. Неговото пријателство со Фриго датира од 2000 година кога му продал причар кој го крстил Пановски Силвер. Силвер ги освојувал сите трофеи и станал толку славен и по неговата смрт го вклучиле во птичарски Hall of Fame.
Во 2005 во сојузната држава Џорџија бил апсен поради недолично однесување – нападнал една келнерка и сакал да и плати за секс. Продолжил со недоличното однесување  и му било забрането да учествува на натпервари  за кучиња.
Борис Пановски последен пат бил активен на Фејсбук минатата недела, кога објавил фотографила од Исус Христос и своја фотографија од  забава.
Познаниците велат дека пред две години почнал да се гледа со некоја дама, која се доселила кај него, и тогаш неодамна се смирил. Не е познато дали и дамата побегнала со него.Канадската полиција веќе некое време го бара Борис Пановски (70), фризер и одгледувач на ловечки кучиња од Торонто, поради убиството на неговиот по

Пронајдете не на следниве мрежи: