На прв поглед, оваа пица изгледа како и секоја друга, секако онаа која се парви од интегрално брашно. Но на втор поглед, или кога ќе ја пробате, ќе сфатите дека нешто фали- кашкавал!Е, сега некој може да каже дека ова не е пица, во тој случај наречете ја „отворен сендвич“, но млечните производи навистина дебелеат. И доколку сакате да ги симнете наслагите од половината, тогаш морате да ги избегнувате. Рецепт за пицата:Состојки:200гр ржано интегрално брашно, една рамна лажичка сол, половина прашок за печиво, две лажици маслиново масло, 125мл вода.Подготовка:Тестото истегнете го во круг и ставете го на хартија за печење па во загреана рерна на пет минути, за да фати коричка. Извадете и нанесете го филот: доматно пире, оригано, сувомеснато, зеленчук доколу сакате и јајца…Ставете во рерна и печете додека не се испечат јајцата. Кога ќе ја извадите, по нејзе посипете рукола. Посипете уште малку маслиново масло и малку балзамико. Одличен појадок, и кашкавалот воопшто не фали.Е, сега некој може да каже дека ова не е пица, во тој случај наречете ја „отворен сендвич“, но млечните производи навистина дебелеат. И
Пронајдете не на следниве мрежи: