Предание за прескокнување мртовец и ослободување од вампир извадено од „Народна Демонологија на Македонците“ на Танас Вражиновски.Јас каде се мажив имав свејкрва, таа се викаше Благуна. Биле три-четири јатрви. Едната јатрва имала дете машко, тогаш по дома се пораѓале. Другите јатрви и викале:
– Немој, не миј се, денеска е четврток, утре ќе се мијаш.
Но, таа не послушала, се измила, се испрала. А тогаш било закон откако ќе зајде сонцето леунката да не излегва надвор, да биди дома. Колку што си влегла дома таа, легнала, и ја стресло, јаки трески ја фатиле. Бре ја мачкале, ја чинеле. Свејкрва ми до 12 сатот седела крај нејзе. Никако поарно, само треска голема. Кога и се приспало на свејкрва ми, му рекла на деверот:
– Јас ќе си легнам, а ти чини ја мукает Милка.
Арно ама и нему му се приспалои тој заспал. Милка умрела и и свикале на свејкрва ми:
– Благуно мори, Милка умре!
И таа како што рипнала, се уплашила, се префрлила преку неа, сосе раце, сосе нозе, ја прескокнала. Е било тоа како било, ја закопале женава и си дошле вечерта дома.
Некој пат тремовите биле без тавани, а на собите имало тавани. Таман си дошле од погребот, нешто почнало да тропа горе на таванот, со црпките, со кандилчињата тропа, Боже какво тропање. Ја клале скалата, качи се горе, запали кандилото да видат нешто, немало ништо. Слези долу, чим е темница па си тропат. И така поминала недела, две. Погледај една вечер ништо, друга вечер пак ништо, а тоа си торпа горе. Таа се свапирила. И рекле јатрвите на Благуна:
– Нема друго чаре, Благуно, со тебе живееше, ти ја прескокна, денеска е петок, ќе месиш кравајче, утре е сабота. Ќе го клајш кравајчето в торба, и ќе застанеш на врата и три пати ќе свикаш „Милке, ај ќе ојме на пазар! Милке, ај ќе ојме на пазар! Милке, ај ќе ојме на пазар!“
И така напраила свејкрва ми, три пати викнала и излегла. Таман пречекорила преку прагот и нешто и натежнало на снагата. Тежи нешто и пешки одела. Торбата преку рамо, кравајчето, одела, одела до мостот. Имаше река, погоре од мостот имаше каменчиња. Таман дошла кај реката, преку камчињата ја прејдела реката и и се олеснило. Штом прејдела преку реката ова што се свапирило паѓало во реката, не можело да дотраит. И од тука и се олеснило на свејкрва ми што ја прејдела реката. Така кажуваше свејкрва ми.Јас каде се мажив имав свејкрва, таа се викаше Благуна. Биле три-четири јатрви. Едната јатрва имала дете машко, тогаш по дома се по