Предание извадено од книгата „Вампирите во Македонските Верувања и Легенди“ од Лепосава Спировска и Танас Вражиновски, издадена 1988 година.Оделе пченки да лупет, се береле во пченки лушење, и пееле песни и кажвале приказни и се фаштале на опклада кој е страшлија, кој не е, луѓево. Се береле таму група, една вечер кај нас, друга кај комшијата и така. Оделе групи, деца, младичи, момчиња, жени, мажи, и се фатиле на опклада некој, кажвале приказни. Овој беше, оној беше, после му рекле, рекле младичиве: „Кој е јунак да појт Богороица, ноќно време во полноќ во 12 сатот, кој е јунак од нас, кој се решават да појт Богороица, во црквата Богоројца во полноќ во 12 сатот?“ Еден не, мене ми е страв, друг не, страв ми е, еден рекол:
– Јас ќе ода – рече – не ми е страв! Не ми е страв ќе ода!
– Е убо – рекол – кај ќе ојш, ќе знаеме ли дали ќе појш сигурно или не. Не ќе знаеме!
– Ќе ти дајме еден прстен сребрен.
Му дале еден прстан од другариве кој имале.
– На ти прстенот и да појш на вратата од Богоројца, на резето да го клајш прстенот. Да се осигураме ал ќе појш!
И тој го зел прстенот и ојт. И ојт ама одел без страв, се доврел до црквата и си ојт си ојт. Си ја башка тршата заш била затворена, башка трекарва и си влагат внатре без страв човеков, ојт. И кога влагат внатре, во гробиштата видуал чоек до чоек, луѓе: „Ех мајката – рекол – од што с еплашеа другариве мој? Еве, не е страшно, полно луѓе овде има.“ И тој си се занесол таму, си се заблудил чоеко, ама луѓе сега не му теквит, тије имало, тије биле умрените, а нему свест не му идило да речи: „Овие луѓе има полно гробиштата народ и црквата“. Ама да не се умрени, тоа не му теквало, се замислил: „Се живи луѓе – рекол – има“ И си прајт муабет со луѓево: „Здраво! Здраво!“ си ојт од гроб на гроб се шетал, ошол в црква, палит свешти, полно луѓе, редит прстенот на вратата и си ојт без страв човекот.
И после клај го прстенот, искочил надвор, виждат оро, вршет зад црквата тука оро, де е Богоројца, на Велигден и Ѓурѓовден. На Ѓурѓовден велат оро тука вртет, и красиги клават и виждат луѓево играет фатени: можи, жени, млади, стари, деца, старички ко мене, и напред имале носии од карти, ќитки удолу, конци и бело платно онаќе кладено, што се викале карти и скутници, нижани со глабадени, а удолу конци и кашумишта старовремски, ракавишта до овде. Жените одет, играет, ама и тој рекол: „Мајка, ќе се фата и ја ќе поиграм со луѓево!“ Се фатил тој да играт. Тие играле, ама тие си играле покроце варти надолу, ама покроце, не могаеле да скокает тие зашто умрени биле, без коски тие, дуови. И овие ќе се фатат, ама на дно орото имаше една старица, со картиште на глаа, скутничиште и ојт и онаќе скривашија ојт, одвај мрдат старицава. Играет и таја, ама одвај. И тој се фатил напред орото, играт, скокат, чоек жив со коски, скокат, играт и одет, другиве се влечат, мачкат си идат, се влечат по него, се влечат, ама старицава му прогоорила одзади. Рекла:
– Аман, ве мола, покроце терајте орото, оти сме није без коски. И така тој му дошло во паметот и вели: „Мајката – рекол – јас ен сум бил во живите! Јас сум бил во умрените!“ И пушта тој од орото и враштање дома и рекол:
– Дајте да видиме, прстенот го кладов и вака и вака ми се деси и ја умира! – рекол.
И дал душа, се уплашил и дал душа, дошол и умрел веќе. Се уплашил коа рекла старицава „Кроце терајте орото, оти сме луѓе без коски“. И тогај се сетил дека бил меѓу умрените. Дошол дома и умрел.Оделе пченки да лупет, се береле во пченки лушење, и пееле песни и кажвале приказни и се фаштале на опклада кој е страшлија, кој не