Вандалите ја признаа вината

Хулиганите и вандалите организирани од СДСМ кои со недели уништуваат и демолираат спомен-обележја и државни институции почнаа да ја признаваат вината.Денеска беше изречена првата пресуда nа Б.Ј. од Скопје, еден од вандалите кои учествуваа во демолирањето на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов, по одлуката за аболицијата. Тој го признал делото, а судот му изрече условна казна до една година.
200 илјади евра првично ќе ја чини државата штетата која е нанесена на културно историските споменици и институциите по едномесечните протести на проопозициските организации. Се уште се вршат проценки на оштетените објекти.
Од почетокот на протестите, демонстрантите најпрво ја запалија канцеларијата на претседателот Иванов во центарот на градот, а првичната штета се проценува на околу 8500 евра. Цел на вандалите беа и државните институции. Најпогодена во дивеењето на оние кои протестираа е Порта Македонија.
Според првичните проценки штетата на оградата на мостот „Слобода“ се проценува на околу 50 илјади евра. Приближно истата штета е предизвика и врз спомениците на АСНОМ, паднатите херои, лавовите и другите обележија. Министерството за култура 30 илјади евра. Во исто време, ниту еден споменик од албанската историја и не е оштетен. Се уште се проценува штетата врз фонтаните и плоштадот и Агенцијата за вработување, која изминатиов викенд се чистеше.Денеска беше изречена првата пресуда nа Б.Ј. од Скопје, еден од вандалите кои учествуваа во демолирањето на канцеларијата на претседателот Ѓорге Ив

Пронајдете не на следниве мрежи: