Многу едноставна и фина! Вкусот малку потсетува на кремпита!Состојки:
500 гр кори за пита
за прв фил:
3 поголеми јајца
3 лажици шеќер
1 шолја (200 мл) масло
половина шолја гриз
1 шолја јогурт
ќесичка прашок за печиво
за втор фил:
1л млеко
9 лажици шеќер
3 пудинга од ванила
Подготовка:
Прво сварете го пудингот во млекото и оставете малку да се излади (не сосема) со повремено мешање за да не се направи коричка.
Изматете ги белките и шеќерот, додадете ги жолчките, маслото, гризот, прашокот за печиво и јогуртот.
Пребројте колку кори имате и поделете ги на четири дела, за да добиеме 4 штрудли.
Редете ги корите- на првите три, ставете по три- четири лажици од првиот фил а на четвртата кора ставете од млакиот пудинг и замотајте . Истата постапка повторете ја и со другите кори. Штрудлите премачкајте ги со малку масло и ставете ги да се печат на 180 степени, околу 15 минути. Почекајте да се излади, па исечете и посипете или со прелив од вишни или шеќер во прав.Состојки:
500 гр кори за пита
за прв фил:
3 поголеми јајца
3 лажици шеќер