Кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 4, Ванковер Манчев, денеска презентираше дел од Програмата на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кои ќе се реализираат во општина Струмица, посебно во областа на културата.Интегрален текст од прес конференцијата:
„Програмата на ВМРО ДПМНЕ предвидува бројни проекти кои ќе се реализираат во престојниот мандат на коалицијата За подобра Македонија насекаде низ државата, регионот и Струмица.
Новата програма РЕАЛНО на повеќе од 500 страници содржи проекти кои допираат до секого и насекаде, затоа што нашата основна определба е дека сите наши сограѓани заслужуваат еднакви можности за личен просперитет.
Денеска и во наредните одржани прес конференции Ви презентираме неколку проекти од нашата сеопфатна Програма која е фокусирана на секоја област што е од апсолутно значење и интерес на граѓаните.
Еден од најзначајните проекти од новата програма на ВМРО ДПМНЕ кои се наменети за културен развој на Струмица, несомнено, е проектот за целосна реконструкција на Центарот за култура „Антон Панов“. Местото каде се случуваат сите значајни културни настани, манифестации, одбележувања и кино проекции, го предвидуваме со комплетно ентериерно уредено, а нов изглед е предвиден и за галерискиот простор и останатите делови.
И ова, не е единствената реконструкција на објекти за културен развој на општината, затоа што санации на домови се предвидени и во селата Просениково, Дабиље, Вељуса, Добрејци, Попчево и Костурино.
Со цел да се зачува автентичноста на старата градска архитектура, во согласност со предложениот проект на Националната установа – Музеј Струмица, до 2018 година е предвидено да биде комплетно завршена санацијата на фасадите во старото градско јадро. Досега, како што веќе знаете, завршена е реставрацијата на фасадата на Архивската зграда и уште неколку фасади во старата струмичка чаршија.
Во претстојниот мандат Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со политиката на зголемување на платите на вработените во јавниот сектор! Зголемувањето ќе изнесува вкупно 10,25%, и тоа: 5% во јануари 2018 година и 5% во јануари 2020 година. Зголемувањето на платите придонесува кон подобрување на животниот стандард на просветните, здравствените, културните и социјалните работници, на вработените во судството, полицијата и во војската и на сите вработени во државната администрација и во јавниот сектор.
Почитувани сограѓани,
Со задоволство ја претставуваме нашата Програма РЕАЛНО, затоа што таа е изградена од предлозите на граѓаните, ги има во предвид нивните потреби и мислења, а се базира на знаење и искуство.
Убедени сме дека секој поединец може сам да процени: кој има подобра програма за годините кои следуваат, кој има подобар тим што може да го реализира ветеното, кој се држи до ветениот збор и кој го остварува ветеното.
Благодарение на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Струмица со регионот, доби многу во изминатите години, а со сите предвидени проекти за претстојниот мандат граѓаните ќе добијат уште поквалитетен и подобар живот“ – рече Манчев.
Интегрален текст од прес конференцијата:
„Програмата на ВМРО ДПМНЕ предвидува бројни проекти кои ќе се реализираат во престојниот ман