Не знам кој адвокат ја натерал кутрата мајка да оди до Стразбур да бара правда, кога и овде пресудата е сосема очекувана и објективна.Ваков е ставот на универзитетската професорка Биљана Ванковска, која ја коментира вчерашната пресуда на ЕСЧП кој смета дека за овој случај државата ги исполнила сите критериуми воспоставени со судската пракса на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).
-Не знам кој адвокат ја натерал кутрата мајка да оди до Стразбур да бара правда, кога и овде пресудата е сосема очекувана и објективна: Судот не може да навлезе во политички околности, бомби и озборувања, туку видел факти: сторителот брзо изведен пред суд и казнет со висока казна. Крај на приказната! И ова покажува дека случајот беше намерно подгреван (со бомбите и со 5 мај), семејството користено како паричка за поткусурување, па уште и ако некој адвокат се офајдил од луѓево – тогаш трагедијата е комплетна, напиша Ванковска.
Во однос на пресудата која се однесуваше на жалбата на Трендафил Ивановски, Ванковска сmета дека Томе Аџиев е во право кога вели дека ЕСЧП не го оспорил фактот дека Трендафил Ивановски бил соработник, туку дека пресудата ја донел поради тоа што не добил правично судење.
-Судот не навлегува во материјална расправа околу основата по која е лустриран Ивановски, туку ги проценил процедуралните аспекти. Постапката за лустрација беше заснована на неуставен закон (кој не гарантираше ниту презумпција на невиност, ниту право на жалба), па оттука и пресудата на Судот е очекувана и правична, напиша Ванковска.Ваков е ставот на универзитетската професорка Биљана Ванковска, која ја коментира вчерашната пресуда на ЕСЧП кој смета дека за овој случај државата