Романска Стеауа го совлада нашиот фудбалски шампион Вардар по втор пат во двомечот од квалификациите за пласман во групната фаза од Лигата на Шампионите.
Стеауа и на теренот на Вардарци го совлада нашиот шампион, овој пат со 1-2, иако нашиот претставник одигра далеку подобро отколку на натпреварот во Букурешт каде беше целосно декласиран и на играчки и на резултатски план.
Гостите први поведоа на мечот преку Пивокари во 23-тата минута од мечот. При самиот крај на првиот дел, Јован Костовски постигна израмнувачки погодок во 45-тата минута и навести каква таква неизвесна завршница.
Но, Вардар и покрај неколкуте изгледни прилики до кои дојде, не успеа да ја затресе мрежата на романскиот шампион, па така стигна казната во 72-рата минута преку Буркеану па Стеауа си заминува од Скопје со победа од 1-2.Романска Стеауа го совлада нашиот фудбалски шампион Вардар по втор пат во двомечот од квалификациите за пласман во гру