Вардарки со Ларвик, Бера Бера и Подравка во ЛШ

Доколку го мине квалификацискиот циклус од Лигата на Шампионите, Македонскиот женски ракометен претставник во ова елитно натпреварување, во групната фаза ќе игра со противници против кои не би требало да има големи маки.
Македонскиот женски ракометен првак доколку ги помине квалификациите успешно, тогаш во групната фаза од Лигата на Шампионите ќе игра во Група „Д“ каде ќе разигрува со екипите на Ларвик, Бера Бера и Подравка.
Квалификациите за пласман во Лигата на Шампионите ќе се одиграат на 14-ти и 15-ти септември, а за противници се Ростов, Салерно и Флери Луар.
Еве ги резултатите од извлекувањето за Лигата на Шампиони во женска конкуренција:
Група „А“: Ѓер, Турингер, Хипо, победникот од квалификациска група 3
Група „Б“: Будуќност, Митјиленд, Лублин, победникот од квалификациска група 2
Група „Ц“: Крим, Мец, Савехов , победникот од квалификациска група1
Група „Д“: Ларвик, Бера Бера, Подравка, победникот од квалификациска група 4
Фото: zrkvardar.com.mkДоколку го мине квалификацискиот циклус од Лигата на Шампионите, Македонскиот женски ракометен претставник во ова елит

Пронајдете не на следниве мрежи: