Американскиот весник „Вашингтон пост“ вечерва известуваше за најмасовниот досега протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, потенцирајќи дека неколку десетици илјади граѓани излегле на улиците во Скопје.-Повеќе десетици илјади демонстранти се собраа на протести против посетата на претставникот на Европската Унија во главниот град на Македонија, Скопје, кој се обидува да се пробие во политичкиот ќор-сокак што три месеци ја остави земјата без влада, пишува весникот.
Мавтајќи со црвено-жолти национални знамиња, демонстрантите извикуваа “Македонија! Македонија “.
Организаторите на протестите велат дека тие се одржуваат на 42 локации низ земјата, и дека големи транспаренти беа истакнати по рутата на Хан, од аеродромот до главниот град.
Двете најголеми партии во Македонија немаат доволно пратеници за формирање влада по парламентарните избори кои се одржаа во декември минатата година.
Тие ќе треба да формираат коалиција со партии на албанското малцинство, кои бараат албанскиот јазик да биде втор официјален јазик во земјата.
Според Вашингтон пост, владејачките конзервативци го отфрлија барањето на малцинствата во првиот круг. Конзервативниот претседател Ѓорге Иванов, сепак, одби да го предаде мандатот на Социјалдемократите за да формираат влада, додека и тие не ги отфрлат барањата на Албанските партиит.
Иванов, кој не се сретна со Хан, тврди дека барањата за јазикот се обид да се уништи карактерот на Македонија, пишува весникот.
Една четвртина од населението на Македонија го сочинуваат етничките Албанци. Албанскиот јазик е официјален јазик во местата каде што тие се мнозинство, но не и на целата територија.
Според весникот, Македонија е заклучен во голема политичка криза во последниве две години, предизвикани од скандалот со прислушувањето и обвинувањата за корупција.-Повеќе десетици илјади демонстранти се собраа на протести против посетата на претставникот на Европската Унија во главниот град на Македонија