Вашиот љубен мастурбира? Дали тоа воопшто влијае на врската!

Либидото на двајца партнери ретко е 100 % вклучен. Обично се тврди дека машкото либидо е поголемо, односно поизразено  и дека тие имаат поголема потреба за секс. Таа разлика во потребите најчесто ја задоволуваат со мастурбација. Дали тоа влијае лошо на врската?Експертите за секс тврдат дека мастурбацијата е природна и нормална работа. Исто така, има многу здравствени бенефиции. Но колку е премногу?
Имајте на ум дека тоа што мажите мастурбираат  почесто од жените, не значи дека имаат проблем.
„Дури и еднаш дневно може да биде типично за мажите во нивните 20-ти и 30-ти години. Доколку забележите дека вашиот партнер има некакви проблеми во креветот или почне да мастурбира неколку пати дневно, треба да побарате помош од некој експерт за секс“, вели доктор Пол Хокмајер.
Според истражувањето  кое го спровел Универзитетот во Индија  повеќе од 20 % од мажите на возраст  помеѓу 25 и 29 години мастурбираат повеќе од четири пати неделно. Од друга страна, само пет проценти од жените на иста возраст се задоволуваат себе си повеќе од 4 пати неделно.

Дали тоа влијае лошо на врската?
Може и не мора. Уште една студија работена на оваа тема, а објавена во Journal of Sexual Medicine, открила дека мажите кои имаат необични техники за самозадоволување, кои жените не можат да ги имитираат со устата, рацете или вагината, можат да имаат проблеми во кревет.
„Доколку не ви пречи во вашите редовни сексуални активности, мастурбацијата е здрава и препорачлива“, вели доктор Хокмајер.Експертите за секс тврдат дека мастурбацијата е природна и нормална работа. Исто така, има многу здравствени бенефиции. Но колку е премногу?

Пронајдете не на следниве мрежи: