Вашиот партнер се жали дека силно рчите? -Само вака ќе се ослободите од рчењето!

Можеби мислевте дека рчењето е сосема безопасно, но всушност се работи за сериозна појава која може да биде предизвикана од бројни здравствени проблеми.Рчењето може да биде последица на алергија, замор, прекумерна телесна тежина, но и некои посериозни здравствени проблеми.
Ткивото во грлото во случај на апнеа значително се оштетува, поради што доаѓа до краток прекин на дишењето. Апнеата може да биде активатор на високиот крвен притисок и срцев удар, а најголем ризик им претставува на луѓето кои често пијат алкохол, земаат таблети за смирување, но и на оние со прекумерена телесна тежина.
Со оглед на тоа вашето рчење немојте да го сфаќате како нешто неважно, туку веднаш обратете се кај својот лекар за помош.
Природни методи кои можат да го спречат рчењето.
Променете ја положбата на спиење
Спиењето на грб е најчест активатор на рчењето. Па, поради тоа потребно е да ги промените своите навики и да се натерате себе си да спиете на стомак или на страна. Постојат посебни перници кои можат да ви помогнат да одржите одредена положба во текот на спиењето навечер, или специјални пижами кои имаат испакнатини на грбот кои нема да ви дозволат да заземете погрешна положба. Овие работи можете да си ги набавите преку интернет, а доколку и тоа не ви помогне, во прашање е проблем од друг вид.
Ослабете
Ова не значи дека слабите луѓе не рчат, но значи дека доколку сте почнале да рчите откако сте накачиле некој килограм плус, треба да ослабете. Вишокот на масни наслаги во пределот на вратот, им пречи на дишните патишта, поради што настанува застој во дишењето. Тогаш гласните жици вибрираат како што воздухот влегува во белите дробови. Најдобар лек за ублажување на овој вид на рчење е слабеењето.

Избегнувајте алкохол и цигари
Алкохолот во голема мера го влошува дишењето во текот на спиењето бидејќи ги затегнува мускулите во задниот дел на грлото. Па, доколку сакате да се ослободите од непријатностите во текот на спиењето, не консумирајте алкохол барем 4 до 5 часа пред да си легнете. Истото важи и за цигарите, бидејќи влијаат на синусите и затварањето на дишните патишта. Рчењето настанува поради намалените активности на мускулите, па јазикот паѓа подлабоко во грлото и воздухот влегува отежнато.
Направете си алерго – тест
Најчестата причина за рчењето која се јавува само во одредени периоди во текот на годината се алергиите на прашина, полен и животински влакна. По контактот со алергенот, хистаминот во крвта претерано се лачи и создава слуз која го затнува носот. Лекот против рчењето е лечење на алергијата, обично со антихистаминици, капки и спрејови за нос.
Операција
Во случај ниеден од горенаведените совети да не ви помогнат, а вашето рчење станува се посилно и позачестено, обратете се на лекар, кој како крајно решение може да ви понуди операција. Таа најчесто им се препорачува на пациенти патат од силна апнеа. Сепак ни апнеата при спиење ни операцијата не смеете да ја сфатите како незначајна, па затоа се препорачува се темелно и благовремен да договорите со својот доктор.Рчењето може да биде последица на алергија, замор, прекумерна телесна тежина, но и некои посериозни здравствени проблеми.
Ткивото во грлото

Пронајдете не на следниве мрежи: