Важноста на релацијата дедо/баба со внуците

Оваа блискост меѓу бабите и дедовците со своите внучиња треба да се препорачува и од доктор. Доволен е само еден телефонски повик до вашите баби или дедовци за да се добие позитивниот ефект од ваквата блискост.На годишниот состанок на Американската социолошка асоцијација, Др. Мурман во своето истражување ја истакнал важноста на оваа релација со тоа што ја поврзал истата со намалени депресивни симптоми и за двете страни. За уште поголем бенефит внуците треба да им дозволат на своите баби и дедовци да се грижат за нив и да им помагаат во секојдневните активности. Ова важи и за повозрасните внуци и дедовци/баби со тоа што ќе си помагаат меѓу себе без разлика дали тоа ќе биде финансиска подршка или некој добронамерен совет. Ваквата релација меѓу овие две групи во голема мера ја намалува депресијата.
Не е изненадување дека цврстите односи меѓу овие две групи обезбедуваат заштита од депресијата, но претходните истражувања ги прикажуваа бабите и дедовците како потпорен ѕид за родителите на децата на која им била потребна помош при чувањето и одгледувањето.
Сега барем знаеме дека од оваа релација корист имаат и внуците и бабите/дедовците и тоа на дневна база, а не само во момент на криза. За развивање на оваа врска најпотребни се самите родители кои треба да бидат медијатори меѓу своите деца и бабите/дедовците. Ова особено е важно во периодот на детството. Затоа, нивна задача е што повеќе да им дозволат на своите деца да поминуваат квалитетно време со своите баби и дедовци.
M.M.На годишниот состанок на Американската социолошка асоцијација, Др. Мурман во своето истражување ја истакнал важноста н

Пронајдете не на следниве мрежи: