Вчера беше пуштен во употреба дел од новиот цевковод во Ресен

Вчера беше пуштен во употреба дел од новиот цевковод ,кој претставува дел од проектот за целосна реконструкција на системот за водоснабдувањето во Ресен,со замена на постојната 13-километарска азбестна водоводна мрежа во градот.Во употреба беа ставени над четири километри цевководна мрежа ,на потегот од влезот во Ресен од страна на Јанковец,преку улиците ,,Јосиф Јосифовски” и ,,Борис Кидрич” до местото Стара Слога,како и кракот кој води до крајот на улицата ,,Наум Веслиевски”.
,,Ова е практично првиот дел,од првата фаза од реконструкцијата на градскиот водовод ,која треба да опфати делница во должина од 8 километри.Со замената на старите азбестни цевки со нови,современи ПВЦ-профили,граѓаните на Ресен не само што добиваат чиста,здрава и кавлитетна вода за пиење,туку во значителна мера се решава и досегашниот проблем,со огромните губитоци на вода и речиси секојдневните дефекти на старата водоводна мрежа.Во оваа фаза на споменатата делница,покрај замената на цевките од стариот водоводен систем,изработена е и секундарна мрежа како и најголем дел од индивидуалните приклучоци од потрошувачите.
Во наредниот период,интезивно ќе се работи на довршување на секундарната мрежа и на индивидуалните приклучоци на останатите делници во градов во должина од уште околу 4 километри,со што планираната прва фаза од реконструкцијата на градскиот водовод целосно да заврши во следните два до три месеци.
Од наесен,според нашите предвидувања треба да започне реализацијата на втората фаза од реконструкцијата на водоводната мрежа во Ресен,и со реконструкција на уште 5 километарски делници во градот,по чие завршување ,проблемот со водоснабдувањето во градот целосно ќе биде надминат”-истакна градоначалникот на Општина Ресен , д-р Ѓоко Стрезовски.
На чинот на пуштање вода во новиот цевководен систем ,присуствуваше и директорот на ЈКП Пролетер ,Љупчо Крстевски кој притоа нагласи:-Од страна на јавното претпријатие во изминатиов период реализирани се над 800 индивидуални приклучоци до домаќинства-потрошувачи а остануваат единствено да се извршат приклучоците на домаќинствата кои се со место на живеење надвор од Ресен или во странство ,и тоа би се реализирало во истиот момент кога тие ќе бидат присутни во своите домови во Ресен.Истовремено,со замена на цевководниот систем Сирхан-Прељубје,извршено е значително подобрување на водоснабдувањето во населените места кои гравитираат на овој потег,а што ќе има свое влијание и врз значителното зголемување на притисокот на вода и во самиот град Ресен.
Во оваа прилика морам да го истакнам своето задоволство од стручноста и професионалниот однос на изведувачот на работите фирмата ,,Маркоски К 73” од Струга,кои својот дел од работата го вршат на беспрекорен начин,како и од финансиската поддршка на УНДП И Швајцарската агенција за поддршка и развој-СДЦ.Во употреба беа ставени над четири километри цевководна мрежа ,на потегот од влезот во Ресен од страна на Јанковец,преку улиците ,,Јосиф Јоси

Пронајдете не на следниве мрежи: