четврток, 12 ноември 2026
Најново

Вчера се случија вкупно 11 сообраќајни незгоди во Скопје!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје од страна на сообраќајната полиција е извршен увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди.Кај пет од сообраќајките  е причинета само материјална штета, во шест има повредени лица, односно полесно се повредени еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник и четворица пешаци.Вчера, од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 55 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 27 возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, пет возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, односно не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница, како и девет возачи за време на управување со возилото не го користеле сигурностниот појас или го користеле мобилниот телефон.Со помош на специјалното возило „пајак“, вчера од страна на сообраќајната полиција, отстранети се 86 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност-Гази Баба, на која ќе присуствуваат граѓани-учесници во сообраќајот во својство на пешаци.Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР-Скопје ќе одржи едукативни предавања во ОУ „Живко Брајковски“ кое се наоѓа во општина Бутел, со учениците од второ одделение.Со почеток во 19 часот и 30 минути во „Метрополис арената“ ќе се одржи културната манифестација „Златна бубамара на популарноста“. За непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.Кај пет од сообраќајките  е причинета само материјална штета, во шест има повредени лица, односно полесно се повредени еден возач на патничко

Поврзани вести