Вчера се отвори вториот по ред професионален тениски турнир организиран од страна на МТП тенискиот клуб и ќе трае до 12 октомври. Во МТП клубот како еден од водечките клубови во Македонија се организираат тениски настани од секаков карактер, но еден од најважните е токму МТП Open 2014.MTP Open 2014 ја има визијата и мисијата во подготовка на еден, можеби од најважните тениски турнири кај нас, кој треба да добие свое место под ова македонско небо, заедно со македонските тениски звезди: Димитар Грабул, Томи Јотовски, Предраг Русевски и други.
Вакви професионални турнири се потребни не само заради атрактивноста да се изгледа добар меч во нашиот град, туку и заради развојот на самиот спорт и придобивките кои ги нуди истиот со цел да ја зајакне компетитивноста на младата популација која е заразена со физичка неактивност.
Од друга страна спорт, кој ќе поттикне “заборавените” професионални тениски играчи од Македонија, дека и на македонско тло може да добијат платформа за сопствената кариера. Полуфиналето и финалето на турнирот ќе се одржат за време на викендот на 11 и 12 октомври кога ќе бидат избрани победници од двете категории: сингл и двојки. На најмладите ќе им биде организирана забава и дружење со победниците.
Фондот на наградите изнесува 5000 евра.MTP Open 2014 ја има визијата и мисијата во подготовка на еден, можеби од најважните тениски турнири кај нас, кој треба да добие свое место под ова