Веб-страни кои ве следат онлајн и на кои не можете да им избегате

Стотици илјади веб дестинации, од сајтот на Белата куќа до порно сајтови како YouPorn, користат нов начин за следење на нивните посетители наречен canvas fingerprinting (отисок на платно, во слободен превод) на кој речиси е невозможно да му се избега.Откриен е од истражувачите од Универзитетот Принстон кои го опишаа во научен труд кој наскоро би требало да биде објавен.
Секој компјутер отцртува слики на незначително поинаков начин. Поради ова, можно е да се препознае и да му се додели единствен број. Како и другите алатки за следење, и оваа се користи за изработка на профили на корисниците на база на веб дестинации кои ги посетуваат, со цел кон нив да се прилагодат рекламите, новинарските статии и другите веб содржини.
Во што е проблемот?
Проблемот е што прилично е тешко да се блокира, а промената кај стандардните подесувања на веб прелистувачите и користењето на алатки за блокирање не даваат резултати. Компјутерскиот код, зад кој примарно стои компанијата AddThis е пронајден на пет проценти од најголемите сто илјади веб дестинации.
Од AddThis велат дека почнале да го тестираат на почетокот од минатата година, како можност за замена на „колачињата” (cookies). Заклучиле дека не ја загрозуваат приватноста на корисниците и дека се е во склад со законите и политиките за приватност до кои се придржуваат.
Дознајте како може да го решите овој проблем на: gsm.mkОткриен е од истражувачите од Универзитетот Принстон кои го опишаа во научен труд кој наскоро би требало да биде објавен.
Секој компјутер о

Пронајдете не на следниве мрежи: