ВЕЧЕР ПОЧНУВА БАСКЕРФЕСТ 2016

Баскерфест, уличниот театар под отворено небо и  годинава ќе ни донесе атрактивни баскер изведувачи од целиот свет. Од  денеска /10 јуни/ па се до 19 јуни, во Скопје на градскиот плоштад „Македонија“ , а и во повеќе градови низ државата ќе имаме можност да уживаме во многу улични перфморманси, баскер точки и музички настапи 
Програмата ќе се одвива на три бини , а во вечерните часови на истото место     планирани се настапи на повеќе музички групи  и пивска градина.
Фестивалот ќе го отворија: магионичарот и илузионист Мистер Бугинага, светски познатиот танчар Суад Демировиќ и германскиот мајстор за комедија, Вили Вондер.
Посетителите секојдневно од 19 часот, па се до доцните вечерни часови ќе имаат можност да се забавуваат и дружат заедно со над 100 артисти од целиот свет: Мексико, Бразил, Јапонија, Америка, Нов Зеланд и Шпанија.
Во Скопје, како и низ градовите во Македонија ќе гостуваат жонглери, акробати, танчери, магионичари, кловнови, илузионисти, музичари.
Фестивалот  ќе почне  со парадата составена од учесници на фестивалот што во 18 часот ќе тргне од пред хотел Бристол и движејќи се по улица Македонија ќе  стигне  до Плоштад Македонија, а во 19 часот ќе го отворат: магионичарот и илузионист Мистер Бугинага, светски познатиот танчар Суад Демировиќ и германскиот мајстор за комедија, Вили Вондер..
И годинава  најмладите ќе имаат свое  детско катче, односно детска креативна работилница каде што ќе можат да ги покажат своите таленти, а новитет  е „Галерија под отворено небо“ на која уметници од нашава земја  ќе можат да ги изложат своите дела
Во склоп на „Баскерфест“, утре  /сабота 11 јуни/, на „Градска Плажа Парк“ ќе се одржи и „One Day Fest“, спектакуларна забава со пена и учество на многу баскер артисти.
Фестивалот во Скопје е под покровителство на Град Скопје и го поддржуваме со 900. 000 денари.
Подгответе се за 10 дена позитивни вибрации во градот- Баскерфест 2016.
  
Програмата ќе се одвива на три бини , а во вечерните часови на истото место     планирани се настапи н

Пронајдете не на следниве мрежи: