Свеченоста по повод доделувањето на 55 Греми награди, најпрестижните музички признанија во САД, ќе се одржи во недела вечер во Стејплс центарот во Лос АнџелесНаградите се доделуваат во 81 категорија, од поп, кантри, рок и џез, до класична и латино музика.Минатогодишното доделување го одбележа смртта на поп дивата Витни Хјустон, но и триумфот на британската пејачка Адел.Оваа година фаворит на вечерта е алтернативната поп-рок група Фан со шест номинации. Оваа група истовремено е во трката за „откритие на годината“ и за трите најпрестижни Греми награди – најдобар албум, најдобра снимка и најдобра песна.Меѓу повеќето номинирани е и раперот Френ Оушн, кој исто има шест номинации, вклучувајќи ја и онаа за најдобар албум и најдобра снимка.За најдобра песна на годината во конкуренција се „We are Young“(Фан), „The A Team“(Ед Ширан), „Adorn“(Мигел), „Call me maybe“(Карли Ре Џепсен) и „Stronger“(Кели Кларксон).На церемонијата, која по средноевропско време започнува во два часот по полноќ, ќе настапат многу ѕвезди, вклучувајќи го Џастин Тимберлејк, Елтон Џон и Ријана.Посебен сегмент на доделувањето на Греми ќе биде посветен на индиската музичка легенда Рави Шанкар, солист на китар, кој почина во декември.
МакфаксСвеченоста по повод доделувањето на 55 Греми награди, најпрестижните музички признанија во САД, ќе се одржи во недела вечер во Стејплс центар