Вечерва нема да биде лесно

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван очекува многу тежок натпревар вечерва против Швајцарија, иако неговите избраници важат за фаворити на оваа средба. Сега размислуваме само за Швајцарија и ќе мораме да играме со тие што ќе бидат таму. Ако биде ризично Кирил Лазаров ќе го чуваме за дуелот со Чешка. Генералниот план за овој дуел ќе го знаеме непосредно пред почетокот на дуелот. Воопшто нема да биде лесно, го имаат Анди Шмит – најдобар играч од Бундес лигата, но и ние за нив ќе знаеме со кој состав тие ќе се појават на самиот почеток на дуелот, изјави Обрван.
Левото крило Гоце Ојлески верува во две победи на Македонија и против Швајцарија и в недела со Чешка со што успешно би се завршиле квалификациите.
– Ова се двата важни натпревара, но сметам дека можеме да победиме и на двата дуела и со Швајцарија на гости и со Чешка дома и да го постигнеме посакуваниот пламан на Европското првенство, вели Ојлески.
Почетокот на натпреварот Швајцарија – Македонија е во 20 часот.
МИА Сега размислуваме само за Швајцарија и ќе мораме да играме со тие што ќе бидат таму. Ако биде ризично Кирил Лазаров ќе го чуваме за дуелот со

Пронајдете не на следниве мрежи: