Православните верници и Македонската православна црква (МПЦ) во јануари го прославуваат Богојавление како еден од најголемите христијански празници.Според преданието, ноќта спроти Богојавление или Водици се отвора небото и се верува дека секоја желба може да се исполни. Точно на полноќ треба да се погледне во небото и да се замисли желба, која каква и да е – мора да биде јасна.
Богојавление е празник востановен во спомен на Христовото крштевање во реката Јордан. Кога наполнил 30 години, Исус дошол на реката Јордан за да го крсти Јован Крстител, кој ги подготвувал луѓето за доаѓањето на Месијата и ги крштевал оние што се покајале на брегот на Јордан.
За време на крштевањето на Исус, Бог се јавил трипати. Тој момент претставува објавување на Богочовекот и воведување на Христос во месијанската мисија. Овој настан се слави како Богојавление. На овој ден во сите храмови се осветува вода, која народот потоа ја зема во својот дом.
Се верува дека водата има лековита моќ и затоа секогаш се држи во куќата покрај икона како спасителски лек. Само на денот Богојавление со оваа вода може да се попрска секое ќоше од куќата. На Богојавление домаќинките обично приготвуваат пача, бидејќи се смета дека токму на Богојавление ѝ е местото на трпезата.
Како и за многу празници, и за овој се врзани многу верувања за временската прогноза. Се верува дека, ако дува северен ветер, ќе биде здрава година, а ако дува јужен, годината ќе биде со болести. Родна година ќе биде ако биде облачно иако паѓа снег тој ден, а ведрото време претскажува убаво и сушно лето.
Според преданието, ноќта спроти Богојавление или Водици се отвора небото и се верува дека секоја желба може да се исполни. Точно на полноќ треба да