Вечниот дух на Александар Македонски

Синот на Филип Македонски, најголемиот војсководец, освојувач и визионер во историјата на човештвото, Александар Трети Македонски, според официјалните историски податоци починал на 10/11 јуни 323та година пред нашата ера во Вавилон. Околу 40ина дена пред да наполни 33 години. 
Квинт Куртиј Руф ни пренесува за деталното мумифицирање на телото на Царот. По мумификацијата, кога телото било посетувано од македонската војска, оставало впечаток како Александар сеуште да бил жив. За пренесување на неговото тело во родната земја, била подготвена специјална погребна кочија, која што според изгледот била отсликување на големината на овој Македонец. Кочијата била 4 метри широка и 6 метри долга, изработена според македонската традиција, имала форма на храм чии столбови биле украсени со златен акантус. На секој од четирите рабови имало по една статуа од божицата Ника, и златен маслинов венец на стилизирана палма која стоела на врвот од покривот во форма на буре изработен од златни крлушки. Два златни лава го чувале влезот во внатрешноста на храмот каде во златен саркофаг лежело мумифицираното тело на Александар. Околу саркофагот имало четири слики, на првата илустрирација на Александар заедно со неговите пријатели во борбена кола подготвена за борба, на втората биле претставени Индиски борбени слонови подготвени за битка, третата била коњаничка сцена, и четвртата борбени кораби исто така подготвени за акција. Златна мрежа го криела телото од завидливи очи, формирајќи треперлив превез кој го делел младиот човек бог од профаниот свет на смртниците. Диодор ни кажува дека биле потребни 64 богато украсени мазги кои ги туркале тркалата на кочијата декорирани со лавови кои имале копја во нивната уста.
Различните верзии за погребната поворка на Александар Македонски ни кажуваат дека бил погребан во Мемфис или Александрија. Познато е свртувањето на погребната поворка од страна на Птоломеј и заменувањето на саркофагот со друг, полн со мед. Сеуште е нејасна улогата на мајката на Александар – Олимпија, и се поставува прашањето дали таа оставила нејзиниот син да биде погребан далеку од вистинската татковина – Македонија? 

Постојат записи кои тврдат дека кога Александар починал, се појавиле два огромни орли кои го кренале на небото. Ова ретко се споменува во денешните написи за Александар Македонски, но во средниот век било претставено во многу книги и уметнички дела. Неговиот мавзолеј во Александрија бил посетуван од многу војсководци кои владееле по неговото време. Можеби и никогаш нема да дознаеме дали и од што умрел Александар, или дали воопшто умрел баш тогаш, затоа што 40те дена пред да наполни 33 години претставуваат важна симболика во многу древни мистерии и учења, дел од кои се зачувани и во денешните ритуали на некои тајни друштва и организации. Според повеќе традиции низ светот, на душата и требаат токму толку – околу шест седмици за да се прибере на оној свет. Денес, на повеќе локации на земјината топка, митолошки се споменува наводниот гроб на Александар. Грчката пропаганда имаше повеќе неуспешни обиди во пласирањето на тези за неговото божемно пронаоѓање. Локацијата на мавзолејот во Александрија каде што подоцна бил закопан Свети Марко, беше причина за приказна во еден современ роман, каде се тврди дека посмртните останки на Александар Македонски биле пренесени под катедралата на Свети Марко во Венеција (Стив Бери – Венецијанско предавство).

 
Во книгата на пророкот Даниел, од Еврејската Тора – Стар Завет/Свето Писмо (чиј што прв превод започнал под налог на Птоломеj пред околу 2,300 години – и е превод на демотско писмо, од петокнижие во четворокнижие – добропознатиот Септуагинт) пишува за малиот рог кој што израснал од четирите каде што се скршил големиот рог, кој се воздигнал до небото и бутнал на земја дел од ѕвездите небесни, па така ја одзел жртвата од секојдневното светилиште. Ужасот ќе траел уште две илјади и три стотини вечери и утра, тогаш Светилиштето ќе било очистено. Од смртта на Александар Македонски до денес имаат поминато околу 2300 години.
Македонскиот народ го опеал Александар во многу песни и преданија. И ден денес можат да се слушнат различни верзии за неговото вечно почивалиште. Се споменуваат повеќе локации – Беласица, големите Пајонски гробишта кај Исар Марвинци, Кочани, Овче Поле… Официјалната археологија и историја ги порекнува сите овие мистични тврдења на Македонците. Едно народно предание од Кратовско детално ја опишува погребната поворка со телото на Царот, која народот ја пречекал со многу цвеќиња на патот по која се движела, пред да биде испратена на непозната локација некаде во Овчеполието… Останува да веруваме дека тогашниот свет, неговите најлојални војсководци – Пајонците и мајка му Олимпија се потрудиле да биде исполнета желбата на Царот – да биде погребан онаму каде што се родил – во татковината. (види – Богатството на Пајонија). Две илјади и кусур години по неговата смрт, сеуште одекнува неговото име, сеуште многумина учат од неговиот лик и дело, воената стратегија на Македонците се студира во најпрестижните универзитети во светот, а за Македонецот Александар се испишани можеби и највеќе листови хартија, воопшто во светската историја.

По борбата со странскиот фактор во почетокот на 90тите години од минатиот век, Република Македонија беше принудена да го смени знамето, па наместо Ѕвездата од Кутлеш со шеснаесет краци, да користи осумкрако сонце. Македонскиот народ дочека да има аеродром, автопат, училишта и улици кои го носат името на Александар Македонски. Логично е наскоро да добиеме и празник посветен на овој голем човек. Нема друг Македонски кој оставил поголема трага во светската историја, каков таков – наш си е, а со тоа и на целиот свет. Бидејќи поголемиот дел од современиот свет е преокупиран со неговата смрт, ние би можеле да го одбележиме неговото раѓање – роденденот му е за шест седмици од денес. Она што сигурно ни преостана во наследство од големата Александрова империја е начинот на кој што тој се однесувал со туѓите народи, потрагата по знаењето и древните мистерии, народните митови и преданија, и споменот за Александар, кој и ден денес инспирира голем број од Македонците кои се распрскани на различни делови од земјината топка. Она што сигурно не треба да го повториме, е расколот и однесувањето на неговите генерали по наводната смрт во Вавилон. Затоа што, таков Велик, Голем Александар, всушност и никогаш не умрел – неговиот дух останува да живее вечно за човештвото и Македонија.
Вечна памет.
Извор: Лоза.мк 
Квинт Куртиј Руф ни пренесува за деталното мумифицирање на телото на Царот. По мумификацијата, кога телото било п

Пронајдете не на следниве мрежи: