„ВЕЧНОТО ДЕРБИ“ го добива својот тифо-шлаг на тортата: Околу 1000 „Комити“ ќе го бодрат Вардар во Битола!

Како што дознава „Пулс24“ од извори од навивачката група на Вардар, интересот кај тамошните членови за гостување во Битола на вечното дерби е огромно, популарните „Комити“ во солидна бројка ќе го бодрат скопскиот тим на дерби-дуелот од 19-тото коло на Првата Македонска Фудбалска Лига против битолски Пелистер.
Како што дознаваме, близу 1000 навивачи на Вардар ќе патуваат во Битола за да го бодрат својот омилен тим.
И навивачите на битолски Пелистер, популарните „Чкембари“ најавија спектакл од трибините на овој меч.
Вардар мошне добро котира на табелата од ПМФЛ, со освоени 38 бодови се наоѓа на чело на лигата, веднаш зад него со 35 бодови е екипата на Турново, а третото и четвртото место го делат екипите на Металург и Напредок со идентичен број на бода, 31. Пелистерци со освоени 19 бода се наоѓаат на 10-тото место во ПМФЛ и се наоѓа во зоната за борба за опстанок.
Натпреварот Пелистер-Вардар на „Под Тумбе Кафе“ се игра во недела со почеток од 14,00 часот.
Фото: komiti.org (архива) 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Како што дознава „Пулс24“ од извори од навивачката група на Вардар, интересот кај тамошните членови за гос

Пронајдете не на следниве мрежи: