Велешани уште еднаш во голем број кажаа ДА за унитарна, суверена и самостојна Македонија

Велешани повторно во голем број ги наполнија улиците на градот во знак за поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ по шеснаесетти пат вечерва во Велес организира мирен протест пред споменикот на Панко Брашнаров во новиот дел на Велес.
Маршот, кој беше поддржан од граѓани на Велес, продолжи низ главната улица се до центарот на градот.
На присутните им се обрати Ненад Витанов, режисер од Велешкиот театар, кој потсети на Крушевскиот манифест и на неговото значење во борбата на македонскиот народ за своја татковина.
– Сите ние, граѓаните во Република Македонија кои сме обединети и живееме заедно без разлика на верска и друга припадност и кои се бориме за унитарна Македонија, Ве повикувам, како и досега, и понатаму да живееме заедно во мир, слога и просперитет на нашата татковина, порача Витанов.Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ по шеснаесетти пат вечерва во Велес организира мирен протест пред споменикот на Панко

Пронајдете не на следниве мрежи: