Вели дека вредело: Тинејџер РИЗИКУВАЛ да загине или да биде уапсен поради оваа фотографија!

Еден германски турист се качил на врвот од пирамидата во Гиза, ризикувајќи да загине или да го оштети прочуениот споменик само за да направи добра фотографија и видео во кое е прикажано како изгледа погледот од врвот на пирамидата.Иако качувањето по пирамиди е забрането со закон, тој вели дека направеното видео било вредно за ризикот наредните три години да ги помине во затвор.
Андреј Цијесјелски (18) се качил на најстарата пирамида во Гиза, висока 146 метри.
„За осум минути успеав да се качам на врвот, а 20 минути ми требаа да се симнам. Безбедноста на прво место“ – изјавил Андреј.
Тој патувал од Минхен до Каиро со намерата да „освои“ една од трите најголеми пирамиди.

Луѓето претежно негодуваат поради неговиот потфат и наведуваат дека тоа претставува навреда за туѓата култура и е незаконско.
Во продолжение можете да го погледнете неговиот планинарски потфат и погледот од врвот на Гиза.
Иако качувањето по пирамиди е забрането со закон, тој вели дека направеното видео било вредно за ризикот наредните три години да ги помине во затво

Пронајдете не на следниве мрежи: