Величенствен дочек во Демир Хисар за илинденската коњаница

На пропатување од Смилево за Прибилци, Кичевско-Горнореканската-Мавровска-Демирхисарско-Ресенска коњаница, помина низ Демир Хисар.По дефилето низ демирхисарските улици, пред зградата на Општина Демир Хисар, коњаницата беше пречекана од градоначалникот Љупчо Блажевски и пратеничката Соња Талевска која предаде лична донација во прехранбени производи и освежителни пијалоци.
Во исклучително пријатна и срдечна атмосфера, на свечениот прием што градоначалникот во нивна чест го приреди во кабинетот, учесниците на коњаничкиот марш изразија и упатија јавна благодарност за огромната поддршка што Општина Демир Хисар ја обезбеди за времетраењето на маршот по целата територија на општина Демир Хисар.
­- Посебно и особено сме среќни и задоволни што оваа година, во официјалната маршрута на коњаницата влезе Демир Хисар, односно најпознатите македонски револуционерни места и боишта од илинденскиот период, а посебно посетата и престојот во Смилево. Сето тоа овој коњанички марш го прави посебен и единствен – рече покрај другото градоначалникот Блажевски и вети дека, и покрај скромните и ограничени финансиски ресурси, Демир Хисар и неговите граѓани секогаш ќе поддржуваат и поттикнуваат вакви граѓански иницијативи и патриотски подвизи.
На заминување за Прибилци каде што, исто така се подготвуваше свечен дочек, градоначалникот Блажевски и пратеничката Талевска, на предводникот на коњаницата, нашиот сограѓанин Ѓоко Василевски, му го предадоа знамето на Општина Демир Хисар.
По дефилето низ демирхисарските улици, пред зградата на Општина Демир Хисар, коњаницата беше пречекана од градоначалникот Љупчо Блажевски и пратени

Пронајдете не на следниве мрежи: