Велика Британија ја дочека радосната вест за раѓањето на идниот британски крал. Службеното соопштение на Бакингамската палата за раѓањето на кралското бебе, синот на војводата и војводката од Кембриџ принцот Вилијам и Кетрин Мидлтон, предизвика воодушевување во британската јавност и за луѓето и репортерите собрани пред гинеколошкиот оддел на болницата Сент Мери во лондонскиот кварт Падингтон, каде што војвотката Кетрин Мидлтон роди здраво машко бебе во понеделникот, во 16.24 часот. Според кралската традиција, веста за раѓањето на бебето, идниот британски крал, во форма на официјален билтен и потпишана од лекарите кои го извршија породувањето, беше поставена на посебен сталак на влезот на кралската палата во центарот на Лондон.Кралицата Елизабета, нејзиниот сопруг принцот Филип, престолонаследникот Чарлс, неговата сопруга војвотката од Корнвол, Камила Паркер, принцот Хари и членовите на двете семејства, во заедничка изјава изразуваат големо задоволство од раѓањето на синот на принцот Вилијам и Кетрин Мидлтон. Во посебна изјава, принцот Чарлс, таткото на Вилијам и свекор на Кетрин, вели дека е „безгранично горд и среќен како дедо“. Британскиот премиер Дејвид Камерон во изјавата пред влезот во својата службена резиденција, во Даунинг стрит 10, порача дека „гордата Велика Британија“ го прославува раѓањето на идниот британски крал.- Ова е значаен момент во животот на нашата држава но над се, ова е извонреден момент на среќа и радост за брачниот пар Вилијам и Кетрин, рече премиерот Камерон. Честитки до младите родители на идниот крал испратија и првите министри на Шкотска и на Велс, како и надбискупот од Кантербери. Првите честитки од странство пристигнаа од американскиот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел, како и од канадскиот премиер Стивен Харпер. Сите лондонски споменици и објекти кои се симбол на британскиот главен град, ноќеска беа посебно осветлени со боите на британското знаме, прославувајки го раѓањето на бебето кое ќе биде крал. Вакви моменти во историјата на земјата, кога се раѓа бебе во кралското семејство кое е во директна линија со престолот, во поново време се случуваат на околу 30 години.Велика Британија ја дочека радосната вест за раѓањето на идниот британски крал. Службеното соопштение на Бакингамската
Пронајдете не на следниве мрежи: