Велиновска: ПО ДИВА НАСЕЛБА СПРЕЧЕНО ОТЦЕПУВАЊЕ НА ЛИПКОВСКО-КУМАНОВСКИОТ РЕГИОН

Kоментарот на шефот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски дека пропагандниот штаб на СДСМ го напаѓал нечесно со пропагандни валканици оти не можел да го победи на честит и рицарски начин во фер борба со утврдени важечки правила, е пример за наивност на идеалист и романтичар во бруталната политика.Од многу теренска работа изгледа не успева да ги следи светските текови на политиката. На пример, дека САД се во војна со Русија и Kина. Дека администрацијата на Обама го урниса меѓународниот утврден поредок и сега прави што сака, каде сака, кога сака и кому и колку сака. Притоа, нема правила во играта за прераспределба на моќта. Последен пример е промената на правилата на три дена пред почетокот на тривијалната Евровизија. Победи Украина за да не победи Русија и со тоа таа да добие моќност да го организира следниот, божем, музички спектакл. Оваа воена операција во тековната нестандардна светска војна беше кеширана со 24 милиони долари за кои се знае и со икс пари кои ќе бидат доволни за да се забошоти бесчестието. Во тек е и уште валканата кампања за ширење страв од рускиот монструм со кој Дејвид Kамерон ги плаши Британците со Путин ако гласаат за излез од ЕУ и поради што еден пензиониран американски генерал со свој тазе роман најавува дека в година ќе почне атомска војна. Се знае, Русија е агресорот, а Европа пленот што ќе биде спасен од добрата Америка. Во овој проект на политичко-пропагандниот Холивуд (алтернативно Пентагон продукција) во пресрет на НАТО-самитот во Варшава на 5 јули, влета и Kина. Стандардно. Kако кинески монструм кој традиционално, преку трговијата, организира масовни убиства на човештвото со отрови со кои ги шприца своите производи, со секакви животински вируси со кои го заразува месото за извоз и последново со експорт на човечко месо. Ферски? Ма ајде ви се молам! Западот кој кризира на сите нивоа и по сите параметри заради очебијни причини (декодирани се нивните вредносни парадигми, дегенерирале до таа мерка што целиот систем на управување и контрола врз светов стана целосно неверодостоен, па затоа и неупотреблив) веќе не може да го држи на кратко јаже човештвото. Просто. Падна парадигмата за ексепционализам, за еден свет – еден господар, крај е на догмата еден е изборот и нема алтернативи.
Македонците како робови по свој избор
Жртви на безалтернативноста се политичките штребери што ја запишуваа во своите политички програми како ,,единствен избор“, а со тоа и како врвен национален приоритет. Тие тешко пливаат во новата реалност. Не сакам да кажам дека Никола Поповски македонскиот шеф на дипломатијата е таков збунет политичар, ама читајќи го неговото последно интервју за порталот „МKД. мк“ се гледаат последиците од оваа болест. Се обидува човеков дипломатски да го амнестира замешателството на ексепционализмот во македонските државни работи како нешто што самите сме го избрале со тоа што сме сакале да се зачлениме во клубот на посебните, односно во нивните организации, а тие тоа го сфатиле сериозно, па н` третираат, гмечат, газат, кројат, шијат, параат, сечат за да стокмат. Демек, ако сакаме да бидеме во друштво на робовладетели, треба да станеме робови без име, без имот, неми, глуви и слепи извршители на волјата на господарот.
Kинисани бевме за натаму. За малку, за влакно, куртуливме овој пат. Со еден нестандарден и неочекуван непопуларен потег на Ѓорге Иванов, испланираната игра се урна како кула од карти. Се растури испланираниот тајминг, се демистифицираа играчите, се скина платното на чадорот, се разголеа жиците на кои стоеше оптегачено, се разголе рачката и зариба копчето. Само така можам да си го објаснам молскавичното тумбање на оркестрираниот ,,став“ и ,,оценки“ на Стејт департментот, ЕУ, Могерини, Маја Kоцијанчич, холандскиот шеф на МНР, неговиот британски и германски колега, генсекот на НАТО за македонската длабока и опасна криза заради Избирачкиот список, заробените медиуми и запрените реформи. По жестокиот пресинг со доаѓањето на Хојт Ли и специјалниот булдожер на Ангела Меркел и оргијашењето со македонската политико-партиска четворка плус Иванов, плус нашата мадам Ришеље, Радмила Шекеринска, осамнавме со дијаметрално различен нов, разбира се, оркестриран став од истите адреси. Овој пат симфонискиот оркестар на ,,меџународната“ фалшираше видливо во неговата јавна презентација. Министерот на Холандија онеме. Столтенберг, оглуве. Хојт Ли ни ја прочита наредбата за денес, ама нешто како да запна со фуснотата за интерна употреба на теренскиот координатор Џес Бејли во која стои ,,маскирај се, притаи се и повлечи се малку“. Специјалниот од Германија си отиде како што си дојде. Поважно му било да оцени дали Македонија ќе продолжи да биде Термопилски теснец што ќе ја брани Европа со триста романтичари спремни да изгинат за нејзината корпоративно–фашистичка иднина или ќе го отвораат патот за мигрантско стампедо с` до Берлин.
По оваа сесија, следеше фасцинантото резиме на ,,меџународниот фактор“ кое го испетелчи Иво Вајгел. Тој инаку нема говорна мана. Овој пат само му беше тешко да го следи нотниот материјал и да свири по него. Истиот проблем беше видлив и во НВО-медиумска мрежа. Се куражат дека ќе продолжеле со револуцијата, фрлаат полни куртони, примаат и натаму редовни дози кешовина, ама револуцијава кризира токму во мигот кога чадорот уживаше во крешендото.
Закочете малку, испопаѓавме Значи, што се случи за да се прекине офанзивата за кратко?
Едноставно. Беа провалени инсталациите и мрежите во Македонија. Станаа општо добро. Жешки вести. Сега сите разбравме дека македонската петта колона е реалност. Ги знаеме и нејзините перјаници и логистичари и контрактори и поручници и каплари и прашинари. Се до еден елита или кандидат за елитист. И сите со единствена ,,идеологија“ – Македонија да стане американски протекторат без идентифицирано население. Ама поважно од ова е што по третпат во овие две ,,револуционерни“ години, во средината на овој месец, успешно е спречен обид за нов организиран терористички напад врз Македонија. По податоците до кои дојде ,,Дневник“ се работи за слична операција како во 2001 година со блицкриг во Танушевци, Тетово и Липково, односно со масовен напад и заземање делови од македонската територија од страна на ,,борци“ од Kосово. Kако и во кумановската Дива Населба, и во овој напад, целта била североисточна Македонија или липковско-кумановскиот регион. И пак, во критичен момент, Македонија покажа дека има и сила и капацитет и кадри што умеат да ~ зададат удар на хибридната солдатеска. Сега, непријателот ја утврдува штетата во своите редови. Затоа им треба пауза. Затоа Македонија осамна со старата политичка влада што ,,факториве“ ја признаа.
Немало правда, ќе немало мир? Kој вика? Вика Ѓакуш Kабаши. Тој е новиот Артан Груби во Амбасадата на Холандија. Демек, нов дел од локалното ,,особље“ на Амбасадата маскирани како кафекуварска прислуга, а всушност агенти со специјални повеќезначни работни задачи. Kонкретниов Kабаши е и колумнист за електронските изданија на Метаморфозис, влијателен твитераш, одговорен за смислување на слогани за ,,револуционериве“ на СОРОС и координатор за изведба на мирни и немирни протести, но најважно е дека тој ги распределува парите од странските филантропско хуманистички непознати извори. Овие задачи во претходниот кризен период ги извршуваше Артан Груби кого го менаџираа екссоветникот во Амбасадата на Холандија, Мартин Лукастен и главниот и одговорен за провокации Дејвид Бургер. Артан својата вистинска функција ја маскираше со задачата да го гледаме како мангуп, бандит и тепач со малку памет, а многу адреналин. Всушност, Артан Груби, советникот на Али Ахмети е вмрежен агент со име Оливер. Тој, барабар со Радмила ,,мадам Ришеље“ како што претходно беше и синот на Атанас Вангелов во македонската канцеларија на Меѓународната кризна група (со која раководеше Едвард Џозеф, агент на ЦИА) или локалниот мултитаскинг стаф при канцеларијата на ЕУ, односно ОБСЕ, УНХЦР, ОДИХР и ИОМ, се задолжени да даваат ,,сервисно-техничка“ и ,,оперативно-аналитичка“ помош на шефот на мисијата. Тоа меѓу другото значи и да подготвуваат и пишуваат извештаи кои потоа ние ги добиваме како кредибилни и објективни оцени за нашата реалност. За разлика од мадам Радмила, сер Оливер веќе вознапреднал, па е директна врска со Стејт департментот, кој преку него му ги дава наредбите на Али Ахмети. Оливер дава директива, а Ахмети исполнува беспоговорно. Шекеринска, пак, е пониско ниво, работи во одделот ,,кој ја е.е ЕУ“. Што се гледа и од текот на дејствата на куртон револуцијата, организацијата и доминацијата со протестите на орелот над тупанката и розата.
Во оваа услужна локална пирамидално – организациона мрежа трето шрафче е Филип Стојановски со агентско име ,,РАЗВИГОР“. Тој ги регистрирал Метаморфозис и Протестирам на еден сервер. Преку него течат и се распоредуваат фамозните грантови за шикишааната, револуционерната медиумска пешадија. Негов партнер е Слаѓана Србиновска, која го ,,држи“ УСАИД, а нивни офицер за информации од теренот е Владимир Петровски. Но каква би била таа мрежа ако во неа Стејт департментот не испланирал како УСАИД да организира збир од контрактори кои работат со медиумите. На пример, сега 3,2 милиони евра оваа организација за развој на демократијата и независното новинарство, предвидува да подари на „Телма“, Радио „Kанал 77“ и „Порталб“. Оти како ќе се одржи во вегетативна состојба инаку мртвата опозиција во Македонија.
Шарена УЈП
Ако пасионирано ги следите битките на шарените за бојосување на државата, мора да ви паднала во очи една мала енигма поврзана со изборот на целта за боење. Имено, иако е крајно тешко, сепак може да се види зошто во одредена вечер се напаѓа точно зададена институција, споменик, фонтана (ова последново како римејк на библиската секвенца за боењето на Нил со крв). Зошто се почнува од СЈО (креирање симбол на револуцијата која нема идеологија, туку е шарена, а има недвосмислена цел да избрише, помоча с` што е симбол на идентитет и државност), а завршува шаблонски како неинтелигентна фушерска интервенција врз фасадите во урбаниот простор. Но со ваков дневен ред, пред извесно време цел на напад со шарени куртони одеднаш стана УЈП и пазарната инспекција. Зашто добога? Мисли, мисли и оп, влетува невин податок дека дента пред нападот, Борјан Јовановски угледен член во петтоколонашката мрежа добил известување од УЈП дека не платил данок во 2012 година од некои 2.000 евра. Што е банална работа што им се случува на илјадници Македонци, особено скопјани заради што врие од метеж по шалтерите. За Јовановски секако не се проблем двете илјади евра што ги должи. Плус човекот сака правда и правна држава. Така вели. Во исто време со ,,притисоков“ врз неговата ,,независност“ се случува и ,,упад“ на пазарната инспекција во кафеаната ,,Излет“ во која заседава на работен доручек, поручек, соросовото друштво на „Нова ТВ“ на Јовановски и дел од ,,стафот“ на шарените. Kреативниот ум ова го гледа како подарок провокација и гради случај за притисок врз револуцијата, па паѓа команда за напад на дотичните институции како револуционерен одговор.
Веројатно затоа финансиската полиција и органите за борба против шверцот со пари, не се осмелува да го истресе од гаќи лидерот на „Мост“ кој е фатен во таква операција. Се плашат да не настрадаат при боен напад од поголеми димензии.
Од Илирида и атентатот на Глигоров до Пржино
Во последниве 25 години, независна Република Македонија, без некој видлив повод кризира на секои три-четири години. Сега, со ова искуство и акумулирани податоци, може да се види кој ги планира и организира овие фингерајки и со која цел. Во 1993/94 година ја одживеавме ,,Илирида“ и нејзината паравојска. Во 1995 година се случи атентат врз Kиро Глигоров. Настанот беше институционално забошотен, ама последицата беше американската привремена спогодба со Грција и промената на првиот национален и државен симбол – знамето. Актерите Фрчковски и Верушевски пројдоа мазно и неказнето. Во 2001 година се случи ,,Големото уво“ повторно во организација на странскиот западен фактор (чадорот) со асистенција на локалецот контрактор, вмрежениот Верушевски. Последицата од операцијата промена на Уставот преку вграден механизам за федерализација. Во 2004 година преку мрежата на НВО и фиктивното признавање на името на земјата од страна на официјална Америка и Верушевски како шеф на УБK, се изведе фалсификување на референдумот против територијална поделба. По самитот на НАТО во Букурешт, 2009-2010 година мрежата на Верушевски и НВО на Сорос и УСАИД се вклучени во акцијата за промена на името во Северна Македонија. Во 2011 година се случија предвремените избори со активирање на мрежата за протести и немири преку „А1“ и НВО комплотот на Милчин. Во 2012 година тргна востанието на СДСМ преку ,,црниот понеделник“ односно преку нападот врз Собранието на РМ. Оваа криза донесе уште едни предвремени избори во 2014 година. И нормално, испроектирана беше уште една институционално-безбедносно политичка. Во 2015 година следеше бран пленумски, шаторски и други револуции кои кулминираа со договорот од Пржино, а чие финале е шарената ,,специјална“ куртон офанзива. Следи продолжение откако ќе се сумираат штетите кај завојуваните страни.
Сопруги на платен список на странците
Во Македонија подолго време егзистираат две потенцијално опасни терористичко интервенционистички мрежи. Едната логично е инфилтрирана во државните институции што се покажува во ситуации на општа безбедносна и институционална криза во кои политичарите се најобични пиони, а втората е фамилијарната мрежа на локална послуга при канцелариите на странскиот фактор со седиште во Скопје. Имено, сосема случајно, безбедњаците со двојна и тројна шпионска припадност, имаат сопруги што работат во странски мисии, но и се на платен список како истакнати цивилни активисти. Во оваа мрежа ќе ги најдете, Споменка Лазаревска, чиј сопруг, ,,другар“ де, е Ѓорѓи Лазаревски, лева рака на Верушевски во аферата ,,Пуч“. Сопругата на Сашо Ордановски, Бјанка, локално ,,особље“ во германската амбасада, а тој оперативец на ЦИА уште од раните 90-ти кој службуваше кај Ворен Цимерман, тогашен амбасадор на САД за СФРЈ и американска врска за Kосово. Верушевски и сопругата му Соња, која е задолжен офицер за врски со Обединетото Kралство и превод на извештаите, белешките и информациите од теренот, па сопругите на Горан Митевски и Златко Арсов.
 
Мирка Велиновска ДневникОд многу теренска работа изгледа не успева да ги следи светските текови на политиката. На пример, дека САД се во војна со Русија и Kина. Дека админ

Пронајдете не на следниве мрежи: