Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Тетово доби нов претседател, Александар Велјановски.М-р Александар Велјановски е роден 02.06.1978 година во Тетово. Оженет е и татко на 2 деца. Средно образование има завршено во гимназија Кирил Пејчиновиќ во Тетово.
Дипломирал правни науки на универзитот ЈИЕ Тетово во 2007 година, каде исто така и магистрирал во 2015. Правосуден испит положил во 2012 година. Поседува меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик.
Има долгогодишно работно искуство како самостоен стручен соработник во ЈЗУ Здравствен дом Тетово и директор на КПУ Воспитно поправен дом Тетово. 13 години е активен член на ВМРО-ДПМНЕ. Активно придонесува и како потпретседател на МК Мала Станица во Тетово, како претседател на правната комисија на ОК на ВМРО- ДПМНЕ Тетово.
Исто така, од 2015 година е член, а воедно и потпретседател на општинскиот комитет во Тетово. Беше кандидат за советник во 2009 и 2013 за локални избори на листата на ВМРО-ДПМНЕ, а за парламентарните избори во 2016 потпретседател на ОИШ Тетово и член на РИШ за ИЕ 6.
Во моментот работи како самостоен стручен соработник за правни работи при ЈЗУ Здравствен дом Тетово.М-р Александар Велјановски е роден 02.06.1978 година во Тетово. Оженет е и татко на 2 деца. Средно образование има завршено во гимназија Кирил Пејч