На големата ливада во Паркот на природата „Гази Баба“ денеска /18.09.2016 година/ се одржа голем велопикник и промоција на тематската карта за овој парк, како дел од активностите на Град Скопје на третиот ден од Европската недела на мобилност 2016. На велопикникот и на промоцијата на тематската карта за Паркот на природата „Гази Баба“ присуствуваше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
– Градот Скопје и годинава се приклучи кон големото семејство европски градови кои ја одбележуваат Европската недела на мобилност и со низа активности ги одбележува деновите на алтернативната и одржлива мобилност. Во деновите од 16 до 22 септември Градот Скопје организира богата и разновидна програма, која е посветена и интересна за сите граѓани. Денеска, во Паркот на природата „Гази Баба“ во соработка со Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ организираме велопикник на кој граѓаните имаат можност да практицираат планински велосипедизам, да џогираат на трим патеката, да уживаат во добра музика и да поминат убаво време на отворено. Нашата цел е да се дружиме, да се едуцираме и да испратиме порака за поздрав и поактивен живот, како и да го промовираме велосипедот како алтернативно транспортно средство заради одржлива урбана мобилност. Денеска ја промовираме и новата тематска карта за Паркот на природата „Гази Баба“, чија изработка ја финансираше Градот Скопје. На картата за ова убаво зелено катче во срцето на градот се презентирани површината и границите на заштитеното подрачје, присутната вегетација и уредувањето со содржини за попријатен престој на граѓаните, а особен акцент е ставен на презентирање на сите патеки, нивната намена и должина. Ги поканувам моите сограѓани редовно да го посетуваат овој парк, да спортуваат и да рекреираат. Градот Скопје многу вложи во уредувањето на Паркот на природата „Гази Баба“, паркот го обезбедува чуварска служба, влезот со возила е забранет, уредени се трим-патеки, а поставени се и видиковци и урбана опрема – рече денеска градоначалникот Трајановски.
На денешниот велопикник се претставија и локални бизниси специјализирани за производство и дистрибуција на здрава храна и пијалаци, како и велосипедски продавници кои презентираа различни модели на велосипеди, а понудија и бесплатна поправка и совети. На присутните граѓани им беа поделени и флаери со податоци за тематската карта за Паркот на природата „Гази Баба“.
Денешниот, трет ден од Европската недела на мобилност 2016 се одвива под мотото „Велосипедот неразделен придружник“. На велопикникот и на промоцијата на тематската карта за Паркот на природата „Гази Баба“ присуствуваше градоначалникот на Град Скопје, К