петок, 27 ноември 2026
Најново

Велопикник и промоција на тематската карта за паркот на природата „Гази баба“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На големата ливада во Паркот на природата „Гази Баба“ денеска /18.09.2016 година/ се одржа голем велопикник и промоција на тематската карта за овој парк, како дел од активностите на Град Скопје на третиот ден од Европската недела на мобилност 2016. На велопикникот и на промоцијата на тематската карта за Паркот на природата „Гази Баба“ присуствуваше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
 – Градот Скопје и годинава се приклучи кон големото семејство европски градови кои ја одбележуваат Европската недела на мобилност и со низа активности ги одбележува деновите на алтернативната и одржлива мобилност. Во деновите од 16 до 22 септември Градот Скопје организира богата и разновидна програма, која е посветена и интересна за сите граѓани. Денеска, во Паркот на природата „Гази Баба“ во соработка со Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ организираме велопикник на кој граѓаните имаат можност да практицираат планински велосипедизам, да џогираат на трим патеката, да уживаат во добра музика и да поминат убаво време на отворено. Нашата цел е да се дружиме, да се едуцираме и да испратиме порака за поздрав и поактивен живот, како и да го промовираме велосипедот како алтернативно транспортно средство заради одржлива урбана мобилност. Денеска ја промовираме и новата тематска карта за Паркот на природата „Гази Баба“, чија изработка ја финансираше Градот Скопје. На картата за ова убаво зелено катче во срцето на градот се презентирани површината и границите на заштитеното подрачје, присутната вегетација и уредувањето со содржини за попријатен престој на граѓаните, а особен акцент е ставен на презентирање на сите патеки, нивната намена и должина. Ги поканувам моите сограѓани редовно да го посетуваат овој парк, да спортуваат и да рекреираат. Градот Скопје многу вложи во уредувањето на Паркот на природата „Гази Баба“, паркот го обезбедува чуварска служба, влезот со возила е забранет, уредени се трим-патеки, а поставени се и видиковци и урбана опрема – рече денеска градоначалникот Трајановски.
 На денешниот велопикник се претставија и локални бизниси специјализирани за производство и дистрибуција на здрава храна и пијалаци, како и велосипедски продавници кои презентираа различни модели на велосипеди, а понудија и бесплатна поправка и совети. На присутните граѓани им беа поделени и флаери со податоци за тематската карта за Паркот на природата „Гази Баба“.
 Денешниот, трет ден од Европската недела на мобилност 2016 се одвива под мотото „Велосипедот неразделен придружник“. На велопикникот и на промоцијата на тематската карта за Паркот на природата „Гази Баба“ присуствуваше градоначалникот на Град Скопје, К

Поврзани вести