четврток, 12 ноември 2026
Најново

Венчавката на Бред и Анџелина во исто време со свадбата на Џенифер Анистон?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Познатата холивудска двојка Бред Пит и Анџелина Џоли ќе се венчаат во мај, кога е закажана и свадбата на поранешната сопруга на Пит, Џенифер Анистон, па можно е двете венчавки на поранешните сопружници да се совпаднат.Бред минатиот месец извадил дозвола за венчавање која трае три месеци, па парот може да се венчава до крајот на мај.Со оглед на тоа што тој и Анџелина сакаат свадбата да се одржи во Франција, венчавањето би можело да следи по Филмскиот фестивал во Кан, кога венчавката ја планира и Анистон.„Доколку нивните венчавки бидат блиску една до друга, Џенифер ќе помисли дека Бред и Анџелина ќе се обидат да ја засенат и ќе настане битка за гостите бидејќи имаат заеднички пријатели во Холивуд“ рекол извор близок на актерката, која планира да се венча со својот партнер Џастин Тероу во Мексико.
МакфаксПознатата холивудска двојка Бред Пит и Анџелина Џоли ќе се венчаат во мај, кога е закажана и свадбата на поранеш

Поврзани вести