„Веројатно не очекувавте Старделов да стане шеф на кабинет на аболициран криминалец“

Откако Зоран Заев ги објави имињата на неговите најблиски соработници, генералниот секретар на владата и шефот на кабинет, не стивнуваат жестоките реакции на јавноста по социјалните медиуми.„Рашковски секретарот – лихвар со кривично дело. Шефот на кабинет Мирјана – лежела затвор за проневера на пари. Па веројатно некој не очекуваше дека Старделов ќе му стане шеф на кабинет на лице под сомнение за поткуп и аболицирано за тежок криминал.“ стои во еден од најпопуларните статуси на фејсбук на оваа тема вечерва.
 

За ген-секот на владата Рашковски покрај сомнителните активности на правниот факултет, анти-нато ставовите и поддршката за контрапленумот, се појавија непотврдени шпекулации дека Рашковски во Струмица е познат како лихвар, а неоспорен факт е кривичната пријава за кривично дело по член 353 од Кривичниот законик на Р.Македонија (Злоупотреба на службена положба и овластување) во врска со член 24 од истиот Законик (Помагање). Кривичната пријава била отфрлена поради застареност за кривично гонење, објави Инфомакс.
Новиот шеф на кабинет на Заев, Мирјана Јанева долги години го следи градоначалникот на општина Струмица, односно е со него во сите сомненија за сторен милионски криминал на Заев за кој е или аболициран, или на суд. Самата Јанева е во служба на Заев речиси од нејзиното излегување во затвор, откако била осудена поради проневера на голема сума на пари и злоупотреба на функцијата како вработена во фришопот на границата со соседна Бугарија, кој беше во сопственост на „Југопромет“.
Со пресуда од окружниот суд во Штип, инаку објавена на официјалната веб страница на судот, Мира Јанева била осудена на казна затвор во траење од една година и три месеци за кривично дело предвидено во член 177 став 2 во врска со став 3 од Казнениот законик на Сојузна Република Македонија (Злоупотреба на службена положба – со значитела штета, односно прибавена противправна имотна корист).
Како што пишува и фејсбук коментаторот во својот статус: каков шеф, такви соработници.„Рашковски секретарот – лихвар со кривично дело. Шефот на кабинет Мирјана – лежела затвор за проневера на пари. Па веројатно неко

Пронајдете не на следниве мрежи: