Веројатно се сомневате со причина: Седум начини да дознаете дали партнерот ве изневерува, и како да го фатите во лага!

Ако се прашувате дали партнерот е целосно искрен кон вас, ова се научно докажани начини тоа да го дознаете.Се прашувате дали партнерот е целосно искрен кон вас? Постои голема веројатност дека се сомневате со причина, со оглед на тоа дека истражувањата потврдија дека поголем број на луѓе лажат во секодневната комуникација.
Но, ако се грижите дека неговите лаги се однесуваат на верноста, тогаш треба да се обидете да го фатите во лага.
За жал, науката не може да каже дали вашиот партнер спие наоколу со други луѓе, но може да ви помогне да дознаете дали се обидува да ве измами. Овие седум начини ќе ви помогнат да дознаете дали партнерот крие нешто важно од вас:
Прашајте ги пријателите: Психолозите од Универзитетот Бригам Јанг ја тестирале идејата така што ги натерале паровите да нацртаат предмет, од кои едниот цртал со затворени очи, а другиот му давал инструкции. Се е снимано со камера, а пред почетокот, тие имале задача да одговорат на неколку прашања околу врската, како и дали биле верни. Истражувачите со неверојатна точност откриле дека само со посматрање на парот можат да детектираат несреќен пар, гледајќи ги од страна активностите што ги прават заедно. Затоа, ако се сомневате во неверство, прашајте го пријателот. Ако нешто не ви се чини во ред, тој веројатно го забележал тоа.
Размислувајте за тоа додека правите нешто друго: Луѓето лошо ги проценуваат туѓите карактери. Еден тим психолози во 2013 година им дал на студентите да бидат порота и да гледаат како луѓето се изразуваат и да одлучат дали ја кажуваат вистината. Студентите кои имале повеќе време да одлучат многу подобро погодувале каква е вистината, а оние на кои им било дадено само кратко време за проценка, повеќе грешеле. Ова докажува дека може да се дознае дали човекот ја кажува вистината или лаже ако не се фокусирате само на тоа.
Слушајте ги внимателно зборовите што ги користат: Еден професор по психологија проучувал некои податоци од програмата за анализа на текстови што ја собрале со колешката. Откриле дека некои специфични изрази биле корисни во дознавањето дали личноста ја избегнува вистината.
Откриле дека оние кои лажат, многу помалку ги користат овие зборови:
-јас или мој;
-сфатив или  мислам;
-но, освен.
Наспроти тоа, оние кои лажат ги користат зборовите:
-мразам, лутина, непријател;
-оди, се движи.

Слушнете како звучи гласот на партнерот: Канадските истражувачи проучувале група волонтери и слушале како звучат нивните гласови, а потоа проценувале колку секоја од преслушаните особи е склона кон неверство. Истражувањето покажало дека мажите со подлабок глас повеќе изневеруваат, а исто така повеќе изневеруваат и жените со повисока фреквенција на гласот. Мажите со повеќе тестостерон имаат подлабок глас, а тестостеронот исто така е поврзан со шансите за изневерување на партнерката.
Обратете внимание на користењето на социјалните мрежи: Дали вашиот партнер поминува повеќе време пред компјутер или мобилен отколку што разговара со вас? Едно неодамнешно истражување покажа дека оние кои се многу активни на социјалните мрежи се повеќе склони на конфликти со партнерот и на неверство, раскинување на врската или развод. Со други зборови, присуството на социјалните мрежи е правопропорционално со влошувањето на односите со партнерот.
Обратете внимание на ненадејните промени на расположението: Ако сте во долга врска промените се нормални, од прехраната, до реагирањето на предизвици или изненадувања и други работи.
„Ненадејните промени на говорот на телото, од изразот на лицето до говорот можат да бидат предупредување“, вели едне бихејвиоријална аналитичарка која работела на ова поле. „Телото се менува ако сте нервозни или напнати“, вели таа во својата книга „Говор на телото на лажговците“.
Обратете внимание на тишината, личните напади или повторувањето на прашањата: Еден од најсилните знаци дека партнерот ве изневерува е тишината. Тоа се случува бидејќи нашиот нервен систем често одговара на стресот така што ја суши плунката во устата.
„Друга работа е дека нападот е најдобра одбрана, односно оние кои изневеруваат мислат дека е полесно да нападнат отколку да одговорат на прашањето“, велат ветераните на ЦИА кои објавиле свое истражување во книгата „Шпионирање на лажговците“. Во едно друго истражување, еден професор открива дека луѓето кои лажат почесто ги повторуваат прашањата пред да одговорат на нив, за да си дадат време да смислат одговор.Се прашувате дали партнерот е целосно искрен кон вас? Постои голема веројатност дека се сомневате со причина, со оглед на тоа дека истражувањата по

Пронајдете не на следниве мрежи: