Верувале или не: Ова се коефициентите за мечот Македонија- Словенија!

Според светските обложувалници, ракометарите на Словенија се големи фаворити во осминафиналето на СП во Катар против нашата селекција.Помалку изненадувачки, коефициентот за победа на Словенија се движи околу 1,70, додека за победа на нашите ракометари коефициентот изнесува 2,60.
Фаворитската улога на Словенија најверојатно се должи на нивниот висок пласман на претходниот Мундијал во Данска пред две години, кога Словенците завршија на високото четврто место, откако во битката за бронзениот медал загубија од Хрватска.
Словенија е наш постојан соперник низ квалификациите и големите приредби во минатото. Иако најпресно и најпријатно сеќавање е тоа од Белград 2012година, сепак традиција вели дека не секогаш „змајчеките„ ни будат пријатни спомени. Еве ја листата на меѓусебни дуели меѓу Македонија и Словенија, која вели дека имаме 1 победа и 2 порази.
Квалификации за ЕП Норвешка 2008 година:Македонија – Словенија 32:33Словенија – Македонија 33:28
ЕП Србија 2012 година – Меч за 5 место:Македонија – Словенија 28:27Помалку изненадувачки, коефициентот за победа на Словенија се движи околу 1,70, додека за победа на нашите ракометари коефициентот изнесува 2,60.

Пронајдете не на следниве мрежи: