Вежбите со теговите се исклучително корисни бидејќи првенствено работат на зголемување на силата и зајакнување на мускулите. Меѓутоа, со цел да ги постигнете максималните резултати, најважно е да се придржувате кон едно клучно правило кое многумина го занемаруваат.Вежбањето со тегови ќе ве направи да се чувствувате посилни, повитални, поактивни и поздрави. Ефикасноста од вежбите со тегови зависи од еден важен фактор: колкав отпор користите при тренингот. Без асистенција од професионален тренер, тоа е елемент кој многумина го занемаруваат, а кој може да доведе до повреда доколку се работи за преголем отпор или стагнација во формата доколку кревате лесни тежини.
Истражувањата покажуваат дека повеќето луѓе вежбаат со прелесни тежини. А како да дознаете дали тежината со која што вежбате ви одговара, одговорот го има Мајк Бојл, соосновач на фитнес центарот “Mike Boyle Strength & Conditioning”:
“Изберете тежини со кои ќе вежбате, а потоа направете 20 подигнувања без одмор. Доколку можете да ги изведете сите 20 повторувања без пауза, тоа значи дека мора да го зголемите отпорот”, вели тој.
Бојл препорачува зголемување на тежините за еден до два килограми за мускулите на горниот дел од телото и за два до четири килограми за зајакнување на мускулите на долниот дел од телото.
“Всушност треба да користите тежини со кои ќе успеете да направите само 12 повторувања без пауза. Во спротивно, не работите на зајакнување на мускулите и силата колку што би можеле”, напоменува Мајк.
Вежбањето со тегови ќе ве направи да се чувствувате посилни, повитални, поактивни и поздрави. Ефикасноста од вежбите со тегови зависи од еден