Ви го претставуваме Палкохол!

Верувале или не, Американците измислија своја „огнена вода“ која ќе ја произведуваат во прав.Имено, американските регулаторни служби го одобрија производството и продажбата на нов производ со назив палкохол, кој ќе биде достапен на пазарот оваа есен.
Палкохолот е всушност, алкохол во прав и за неговата консумација доволно е само да додадете вода. Најавени се неколку коктел варијанти, како Космополитен и Мохито. Зад овој најнов производ стои компанијата Липсмарк од Аризона и иноваторот Марк Филипс.
Она што најмногу ги загрижи луѓето е можната злоупотреба на прашокот. Имено, се појави теорија дека консументите, особено младите, едноставно ќе го шмркаат правот за да дојдат до алкохолизирана состојба. Компанијата на својата веб страница дури и ги предупредува идните потрошувачи да не го прават тоа, бидејќи е многу неодговорно.
Во меѓувреме се појавија и нови информации околу регулаторните дозволи. Имено, на страницата на оваа компанија е објавено дека американската канцеларија за оданочување на алкохолот и тутунот не ја има одобрено етикетата на производот. Проблемот лежи во наведеното количество на прав во вреќичката.
„Тоа не значи дека Палкохол не е одобрен. Тоа само значи дека етикетите не се одобрени, па повторно ќе ги испратиме“, стои во нивното известување.
Како и да е, не постои ни најмало сомневање дека и понатаму ќе слушнеме за овој изум, иако е тешко да се процени како вистинските љубители на алкохолот ќе го прифатат производот кога ќе се најде на пазарот.Имено, американските регулаторни служби го одобрија производството и продажбата на нов производ со назив палкохол, кој ќе биде достапен на пазарот

Пронајдете не на следниве мрежи: