Ви опаѓа косата? ОВИЕ ПЕТ причини се главните виновници за тоа!

Дури и ако ја имате најдобрата и најгустата коса, може да се случи еден ден да забележите како еден прамен ви останува во раката додека се туширате. Ако при чешлањето забележите дека косата неочекувано многу ви паѓа, причината може да лежи во следните проблеми.1. Труење со храна
Пени Џејмс, која е фризерка на познатите во Њујорк, тврди дека една од честите причини за ненадејното губење на косата е труењето со храна. Имено, нашите влакна се „хранат“ со крвта, а ако циркулацијата е лоша, тогаш косата останува без неопходните материи и влегува во фаза на опаѓање.
2. Висока температура
Доколу имате повишена температура подолг временски период, тоа може да доведе до иста реакција како и кај труењето со храна. Циркулацијата се нарушува, а  понекогаш доаѓа и до хормонски дисбаланс. Нормалниот „век“ на едно влакно (ако не го искубате за време на чешлањето) е помеѓу две и шест години.

 
3. Осипи
Егземата или псоријазата доведуваат до привремено слабеење на косата. Осипот на главата може да биде многу иритантен и да чеша, а со чешањето се спречува формирањето и отворањето на новите фоликули на влакната. Затоа, ако имате некој осип на главата задолжително посетете дерматолог и побарајте средство за намалување на чешањето.
4. Сообраќајна несреќа или друга траума
Алопеција ареата често се јавува кај луѓето кои доживеале некој екстремен шок, а се манифестира во вид на ќелави печати на главата. Траумата може да предизвика автоимуна реакција, па леукоцитите го напаѓаат коренот на косата кој преминува во фаза на мирување и влакното опаѓа. Добра вест е тоа што косата може да се поврати со избегнување на стресни ситуации и со правилно лечење.
5. Алергија на храна
Важно е да се напомене дека ова се јавува само доколку имате вистинска алергија, а не блага нетолерантност. Кога во организмот се одвива вистинска алергиска реакција, имунолошкиот систем може да се однесува прилично агресивно, дури и кон вашите клетки и ткива. Не се случува често, но можно е алергиската реакција да доведе и до алопеција во печатите. Затоа, ако докторот ви каже да одбегнувате некои намирници, тогаш најдобро е и да го послушате.
1. Труење со храна
Пени Џејмс, која е фризерка на познатите во Њујорк, тврди дека една од честите причини за ненадејното г

Пронајдете не на следниве мрежи: