Ви се скина кондом! БЕЗ ПАНИКА еве што треба да направите!

Веројатно сите користите кондоми, но што кога ќе се скине?Кондомите се едни од најсигурните начини за контрацепција како и за заштита од сексуално преносливи болести. Но, само нивното користење без внимавање не ве преви 100% безбедни. Но што кога кондомот ќе се скине додека имате сексуален однос. Во таков случај не треба да ве фаќа паника.
Кондомите се најраспространет метод за контрацепција и единствениот начин да се заштитите од сексуално преносливи болести.
Доколку  кондомот се скине откако партнерот ејакулирал, ризикот од несакана бременост и сексуално преносливи болести е многу голем, особено ако имате сексуален однос со непознат партнер. Дури кога го познавате вашиот партер доволно за да го иссклучите ризикот од сексуално преносливите заболувања, секогаш постои стравот од несакана бременост.
Доколку кондомот се скине пред вашиот партнер да ејакулира, за жал и тогаш не значи дека сте потполно заштитени, и пред самата ејакулацијата кај мажите се лачи течност која содржи сперма. Затоа, ризикот од несакана бременост или сексуално преносливи болести сè уште е на реално ниво.
За да се заштитите од непланирана бременост, изборот за превентива се сведдува на апчиња за итна контрацепција или т.н. апчиња за ден потоа. Можете да се пронајдат во скоро сите аптеки, а најдобро е да ги испиете колку што е можно побрзо по незаштитениот сексуален акт.

 
 
За блага заштита од сексуално преносливи болести (СПБ), веднаш измијте се со топла вода, без да користите козметички производи, но треба да бидете свесни дека со тоа нема целосно да ве заштити од СПБ, туку само ќе го намалите ризикот.
Доколку крв, сперма или вагинална течност дојде до контакт со отворена рана, веднаш дезинфицирајте ја со алкохол или бетадин, а доколку знаете дека вашиот партнер боледува од некоја болест, веднаш посетете доктор специјалист.
За да бидете сигурни дека не ви е пренесена никаква болест, направете си тест за HIV вирус две недели по последниот сексуален однос.
НЕКОЛКУ СОВЕТИ
* За да не минувате низ целиот тој процес на стрес и исчекување, следете ги следните совети:
* Никогаш не употребувајте заби, ножици или друг остар предмет за да го отворите пакетчето на кондомот.
* Внинмавајте на ноктите додека го поставувате презервативот, за да не го оштетите.
* Вашиот партнер треба да користи кондоми со точна големина. Ако кондомот е премал, поголема е веројатноста да се скине.
* Доколку вашиот партнер не го притисне горниот дел на кондомот додека го поставува, со тоа се создава меурче со воздух, кое може да го предизвика пукањето на кондомот. Затоа внимавајте!
* Ако употребувате лубриканти секогаш гледајте тие да бидат на водна основа.Кондомите се едни од најсигурните начини за контрацепција како и за заштита од сексуално преносливи болести. Но, само нивното користење без внимава

Пронајдете не на следниве мрежи: