Ви требаат само 15 минути за да ја подготвите: ЛАДНА САЛАТА

Оваа ладна салата е одличен избор за вечера. Се прави брзо, едноставно, уште и ако се брзате, идеална е. За да ја подготвите ви требаат 15 минути.Состојки:
300 гр тестенини по избор
3 јајца
200 гр пилешки гради или шунка
3 кисели краставички
100 гр мајонез
200 гр павлака
100 гр фета сирење
100 – 200 гр сирење
(можете да додадете маринирани шампињони или маслинки, пиперка, а ако немате мајонез, ставете павлака, повеќе јајца или шунка)
Подготовка:
Додека ја ставите водата за тестенини и јајцата да се сварат, во еден сад во кој ќе ги соедините сите состојки, ставете мајонез, павлака и фета сирење, ако е солено многу сирењето, тогаш не посолувајте, а ако не е посолете и се измешајте, а сирењето изгмечете го.
Додадете ја шунката и исечканите краставички.
Додадете ги тестенините во зовриената вода.
Излупете ги варените јајца, па изрендајте.
Почекајте да се сварат тестенините, исцедете ги, измијте ги со ладна вода, исцедете и додадете ја претходно подготвената смеса.
Измешајте се заедно.
Можете да додадете магдонос, босилек, копар….зачини по ваш вкус.Состојки:
300 гр тестенини по избор
3 јајца
200 гр пилешки гради или шунка
3 кисели краставички

Пронајдете не на следниве мрежи: