Видеа од пеколот: Вака изгледа местото на кое се трага по исчезнатиот малезиски авион

Морските струи тука се силни и можат било кој предмет или објект што плови да го однесат со голема брзина, што уште повеќе ја усложнува ситуацијата на спасувачите.Јужниот дел на Индискиот Океан, каде што во моментов има неколку екипи на воени и цивилни авиони и бродови, во потрага по исчезнатиот авион Боинг 777 „Малезија ерлајн“, е едно од најизолираните места на планетата.
Населени места има многу малку, а временските услови се толку неповолни, што повеќето бродови избегнуваат каква било пловидба на таа област.
Токму во тој дел на Индискиот Океан сателитите снимиле можни руини од Боингот, кој исчезна 8 март, со 239 патници и членови на екипажот.
Морските струи тука се многу силни и можат било кој објект кој плови да го однесат со огромна брзина. На снимките од потрагата, кои се поставени на Јутјуб, се гледаат бранови, што на бродовите сигурно не им ја олеснува потрагата.
Според последните информации, францускиот сателит на јужниот дел на Индискиот Океан снимил предмети кои можат да бидат делови од остатоците на Боингот.
Малезиските власти ги проследија снимките во Австралија, која во моментов е координатор на потрагата.
Погледнете ги видеата на следната страница.

 
Јужниот дел на Индискиот Океан, каде што во моментов има неколку екипи на воени и цивилни авиони и бродови, во потрага по исчезнатиот авион Боинг 7

Пронајдете не на следниве мрежи: