Видео: 10 години од смртта на последниот македонски цар!

Царо и Госпо, како што најчесто беше нарекуван во легендарните Македонски народни приказни е роден на 26 февруари 1948 во Богданци и беше еден од најпознатите актери во Република Македонија, кој исто така беше познат и кај македонската дијаспора, во Австралија, Соединетите Американски Држави, како и во соседните држави на Балканот.Дипломирал на Академијата за драмска уметност (денеска Факултет за драмски уметности), на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје во1973 година.По дипломирањето, тој е во постојан работен однос со Македонскиот народен театар.
Неговата популарност беше резултат на неговото долгогодишно искуство и мошне популарната македонска ТВ-серија „Македонски народни приказни“ базирани врз колекцијата на народните преданија издадени во 19 век од собирачите на македонски народни умотворби, (кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, лингвистиката, националната историја, и за правото и моралот наМакедонците), Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Ѓорѓи Пулевски и останати автори на македонската народна литература.

 
На публиката и е познат по многубројните одиграни улоги во телевизиската серија Македонски приказни, за која, од 1984 година имал снимено 300 епизоди. Во Драмата на Македонскиот народен театар се вработил од 1975.
На оваа сцена имал остварено позначјани улоги во претставите: “Од многу ум”, “Андрокле и лавот”, “Госпоѓа министерка”, “Чорбаџи Теодос”, “Женидба”, “Воена тајна”, “Мрестење на краповите”, “Слободни врски”, “Валпургиска ноќ”, “Рекламна бајка” и други.[1] Настапил во повеќе играни филмови како во македонска продукција така и во продукција на Вардар филм во периодот на поранешна СФРЈ, меѓу кои: „Македонски дел од пеколот“, „Тетовирање„ и други. Почина на денешен ден (13 октомври) 2003 година.

Извор. think.mkДипломирал на Академијата за драмска уметност (денеска Факултет за драмски уметности), на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје во1

Пронајдете не на следниве мрежи: