На денешен ден пред 20 години се погубени сараевските „Ромео и Јулија“- Бошко Бркиќ и Адмира Исмиќ.
На 18-мај, во обид да избегаат од лудилото кое ја зафатило нивната земја, се убиени на мостот Врбања.
Со желба да се раскаже целата нивна приказна, агенцијата Анадолија, се обидела да стапи во контакт со мајката на девојката. Но таа не сакала да зборува за тоа. Нејзината мајка не ја преболела смртта на својата ќерка.
Таткото на Бошко починал, а мајката и братот се преселиле во Србија. Во Сараево не можеле да најдат никој од неговото семејство.
Седум дена на мостот
Еден Србин и една девојка од Босна, станале сараевските Ромео и Јулија, кога пред 20 години се убиени со снајпер, а нивните тела седум дена лежеле на улица. А родителите на девојката по два дена дознале дека нивната ќерка е убиена.Погледнете го видеото.На денешен ден пред 20 години се погубени сараевските „Ромео и Јулија“- Бошко Бркиќ и Адмира Исмиќ.