Вечерта ја обележа Атланта предводена од Перо Антиќ во победата над Индијана со 97:87.
Пејсерси се екипа со најдобар учинок во НБА лигата, но тоа не ги спречи Хоукс да ги совладаат, предводени од Кајл Корвер со 17 поени и нашиот Антиќ со 16 поени.
Антиќ заврши со 16 поени и четири скока во 27 минути на паркетот, а имаше и 3 од 6 обиди за тројки.
Не му сметаше на Антиќ тоа што на другата страна е Рој Хиберт, тој беше творецот и на серијата на почетокот на натпреварот, со едно забивање и феноменални две тројки. На крајот заврши како втор стрелец, а го пратеа Тиг и Скот со по 15 поени.
Во тимот на Индијана Џорџ беше најефикасен со 28 поени и 12 скока, Гренџер имаше 14 поени а Хиберт само со два го заврши натпреварот.Атланта ја прекина лошата серија од три пораза по ред. Сега имаат скор 19-17 и се третопласирани на Истокот додека Индијана со 28-7 и понатаму е најдобра во НБА-лигата, и тоа за нијанса пред Сан Антонио спарс, кој има учинок 28-8.
Извор: Спорт365
Пејсерси се екипа со најдобар учинок во НБА лигата, но тоа не ги спречи Хоукс да ги совладаат, предводени од Кајл Корвер со 17 поени